Гранд Кафе лидер во сегментот домашно кафе-синоним за квалитет, свежина и поттик за зближување на луѓето

Пиењето домашно кафе отсекогаш преставувало култ на рутина на овие простори. Бесценет момент, без разлика колку е тој брз или краток! На потрошувачите отсекогаш им била важна свежината на кафето, аромата, и полниот вкус кој го овозможува домашното кафе. А со кафе доаѓаат и најубавите муабети, приказни и дружење.

grand-kafe-lider-vo-segmentot-domashno-kafe-sinonim-za-kvalitet-svezhina-i-pottik-za-zblizhuvanje-na-lugjeto-01.jpg

Одговорноста да се произведе квалитетно кафе, според вкусот и потребите на потрошувачите и тоа секогаш да биде достапно, е голема, а тој предизвик веќе одамна го прифати Гранд кафе, за да денес претставува лидер во земјава во сегментот на домашно кафе.

Лидер, не само од аспект да се обезбеди врвен квалитет, туку и да поттикнува нови вработувања во земјава, иновации во производството и континуиран раст и развој. 

29 различни производи од Гранд Кафе се произведуваат во модерен и современ погон во Скопје. Тука пристигнува најквалитетното сурово кафе од типот Арабика и Робуста, директно донесено од најдобрите плантажи за кафе во Бразил, од каде рачно, внимателно и навремено е собрано, без притоа плодот да биде оштетен. Суровото кафе се пржи под посебни услови, на температури над 220 степени, комбинирајќи високи темепратури со жежок воздух, со цел да се добијат најдобрите ароматични својства од кафето.

Целиот процес е автоматизиран, подлежи на постојани контроли, се со цел да се добие квалитетен финален производ, свежо мелено кафе, според вкусот и желбите на потрошувачите.  Имплементиран е НАССР систем за безбедност, а производството се одвива според строгиот ИСО 9001 стандард. Toa е гаранција дека во Атлантик Група во чиј состав е Гранд Кафе управувањето со квалитетот е поставено на високо ниво. Производите се пакуваат во специјални услови, во заштитена атмосфера без кислород, со цел да се постигне долготрајна свежина. Дистрибутерот Атлантик Трејд има развиено одлична транспортна мрежа, со кафето, брзо, навремено и безбедно да пристигне до местата на продажба, а оттука и до потрошувачите.

grand-kafe-lider-vo-segmentot-domashno-kafe-sinonim-za-kvalitet-svezhina-i-pottik-za-zblizhuvanje-na-lugjeto-02.jpg

Гранд кафе верува дека задоволните потрошувачи се вреден капитал, кој придонесува за уште подобар квалитет, и дека само така се создаваат моменти вредни за сеќавање.

Гранд кафе поддржува проекти кои имаат потенцијал да придонесат за унапредување на економскиот развој на Македонија и затоа е  и бронзен партнер на проектот Бизнис лидер.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg