Промовирана книгата „Различни но слични“ на Амела Мемиш Апостоловска
- Детали
- среда, 18 септември 2024
На 15.09.2024 во Грасакото Кино Милениум Скопје беше промовирана книгата „РАЗЛИЧНИ НО СЛИЧНИ” на Амела Мемиш Апостоловска, во издание на Центар за личен развој,едукација и психолошка помош и поддршка ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА-СКОПЈЕ.
На претставувањето на книгата како рецензенти излегоа Проф.д-р Мирослав Пендароски, Проф.д-р Златко Жоглев, Маестро Игор Џамбазов македонски глумец,писател,забавувач, ТВ-водител, музичар и текстописец.
Авторката која е дипломиран и клинички сертифициран психолог со богата академска позадина излезе со говор кој предизвика емоции кај присутните.
Проф.д-р Мирослав Пендароски го отвори настанот со својата рецензија за книгата на Амела Мемиш Апостоловска вели дека е текстнсо интересен и загадочен наслов – Различни но слични…Може да се каже дека се работи за текст кој има повеќеслојна естетика и наведува на размислување во повеќе правци. Имено, од една страна, тоа е текст со личен порив да пренесе сопствени интимни фрагменти од животот на авторката, вплетени во стиховни и прозаични форми на директно размислување од позиција на Јас, во прво лице. Од друга страна пак, се работи за текст која изобилува со важни тематики од секојдневието на секој битисник на планетава какви што се: осаменоста, љубовта, пријателството, односот кон најблиските, самодовербата, битката за автентичен живот и многу други егзистенцијалистички и хуманистички аспекти на животот. Од трета страна пак, може да се каже дека тоа е и прирачник за себезамислување и себеосмислување низ процесот на разгледување на сосем субјективните и интимни светогледи на авторката. Таа напати директно и се обраќа на публиката, а пак напати низ сосем личните увиди го тера читателот да се сложи или не со нејзините разбирања на животните патила. Авторката низ целиот текст, сосема директно, свесно-строго и самоуверено глаголи за важноста на нашиот пример за нашите деца и дека во денешно време на злоба и пакост, на агресија и напад, најдобра казна е да не ги казнуваме со истото туку да им покажеме што пропуштаат и колку е далекусежна мајчината љубов.
Проф.д-р Златко Жоглев својата рецензија ја наслови како омаж за животот, љубовта , жената и пред се децата посебен акцент дава на децата и мајките кои имаат деца со потешкотии во развојот, со особено нагласување на аутизмот и цитирајќи дел од книгата на авторката каде во потполност се сложува со напишаното: ,,За вас е еден ден , а ние го живееме аутизмот 365 дена кој трае до бесконечност”.
Маестро Игор Џамбазов ја дава својата рецензија со директно обраќање кон авторката со реченицата дека и двајцата се навистина различни но во едно се слични пишуваат искрени книги , вистинити и многу корисни за општеството нагласувајќи и за аутизмот , како и за тоа дека неговата поддршка ја има во потполност и нема да застане само на една промоција, со што и Проф.д-р Златко Жоглев јавно пред присутните кажа дека допрва и следува турнеја низ цела Македонија да се слушне автентичноста и охрабрувањето на многу родители кои се соочуваат со овој предизвик.
Авторката пак директно го започна својот говор со зборовите ,,ТИ БЛАГОДАРАМ ТАТКО ШТО ПОСТОИШ”,понатаму пред многуте присутни касно гласно и строго самоуверено ја отвара целата животна сторија, воедно и уредничка на Боенката на Леон – за сите дечиња со Аутизам.
Леон Мемиш Апостоловски 11 годишното момче кое го победи аутизмот излезе на сцена и го прочита гласно текстот од книгата “За секоја Мајка” , а Андреа Мемиш Апостоловска излезе со сопствен текст каде се заблагодарува на својата мајка што цели 14 години ја работи најтешката работа која не е платена ниту еден денар...
Целото видео од промоцијата можете да го проследите налинкот
Во прилог ние ви доставуваме дел од сликите од самата промоција.