„Легендите живеат вечно“ - концерт посветен на нашите музички великани на 4 октомври во „Македонска Филхармонија“

На 4 октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи второто издание на „Легендите живеат вечно“ - Концерт посветен на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе.

legendite-zhiveat-vechno-koncert-posveten-na-nashite-muzichki-velikani-na-4-oktomvri-vo-makedonska-filharmonija-01.jpg

Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Ивона Јо, Тамара Волческа и други пејачи ќе ги пеат хитовите на нашите музички великани, во придружба на камерен оркестар чија интерпретација ќе допринесе за создавање на вистински магичен амбиент и тоа со сигурност ќе биде ноќ исполнета со силни емоции.

Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, којшто ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика Тоше Проески, ќе ги пееме  песните на рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, нема да ги заборавиме и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски-Бојс како и многу други.

Многу музика и пеење, уште повеќе емоции и по некоја солза е она што не очекува на 4 октомври.

Картите за овој настан имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg