Три специјалитети кои мора да се пробаат во ресторанот Ботаника

Скопје има што да понуди за пребирливите гурмани! Ако сакате храната да ви биде вкусно солено и слатко доживување, секој залак да ви биде ново гурманско искуство, а храната да ви ја грее душата, тогаш за вас е ресторанот Ботаника Урбана Кафана.

tri-specijaliteti-koi-mora-da-se-probaat-vo-restoranot-botanika-03.JPG

Готвачката Софка Камиловска во нејзината магична кујна создава рецепти и готви јадења што нема да ги сретнете во друг ресторан во земјата.

„Нашето мени се состои од храна подготвена со многу љубов. Ние навистина ја сакаме храната и сакаме истото да го чувствуваат и гостите кога ќе ја посетат Ботаника“, вели Софка.

tri-specijaliteti-koi-mora-da-se-probaat-vo-restoranot-botanika-01.JPG

Овде се што ќе пробате е вкусно, уникатно, и апсолутно ќе уживате во изборот. Издвојуваме Фета во фурна со медени смокви, шкампи обвиени со сланина, италијанска поркета врз пире компир, бифтек ќебапи со пепер сос... долг е списокот  на одлични специјалитети.

Кога ќе влезете во Ботаника се отвора и срцето и душата!

tri-specijaliteti-koi-mora-da-se-probaat-vo-restoranot-botanika-02.JPG

Овде се оди не само да се јаде, туку да се ужива, да се креираат спомени на кои долго потоа ќе се сеќаваме!

Уреден ресторан, љубезен персонал, вкусна храна, интимност, од неодамна и мала градина, се се работи кои овде ги има,  а кои влијаат на нашето расположение и емоции.

tri-specijaliteti-koi-mora-da-se-probaat-vo-restoranot-botanika-04.JPG

Иако е лоцирана во самиот центар, Ботаника Урбана кафана претставува место каде што можете да се опуштите и да најдете мирен момент за себе и блиските, сето тоа комбинирано со добра храна и убави вина.  Да пробате нешто поразлично, а сепак блиску до нашиот вкус и традиција!

tri-specijaliteti-koi-mora-da-se-probaat-vo-restoranot-botanika-05.JPG

Не чекајте! Животот е краток за да не уживаме во него.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg