Направете баланс и одвојте време за себе: Приказни од жени кои нѐ инспирираат да се соочиме со секојдневните предизвици, во новата епизода од dm поткастот

Со претставување на четвртата епизода од dm поткастот, dm ја продолжува низата на теми чија цел е позитивно да влијаат врз добросостојбата на жените. Последната епизода од поткастот кој опфаќа теми од областа на физичкото, менталното, менструалното и социјалното здравје, се бави со балансот во животот на една жена – односно како успешно и без притисок да се справи со кариерата, семејството и личниот развој. Ќе ги слушнете успешните и инспиративни приказни на динамичните гости кои ги споделуваат своите искуства, стручност и перспективи од  аспект на еден специјалист психијатар и една млада мајка на две деца која е претприемач и има сопствен бизнис.

napravete-balans-i-odvojte-vreme-za-sebe-prikazni-od-zheni-koi-n-inspiriraat-da-se-soochime-so-sekojdnevnite-predizvici-vo-novata-epizoda-od-dm-potkastot-01.jpg

Како се постигнува баланс и задоволство во секојдневието, што всушност значи да се биде посветен во домот и на работното место, како и што треба да направиме за да се чувствуваме исполнети и корисни –  ова се само дел од прашањата на кои следачите ќе имаат можност да ги слушнат одговорите од д-р Васка Митова – специјалист психијатар и психотерапевт при Универзитетска клиника за психијатрија и Моника Зец – претприемачка и сопственичка на мал бизнис,  кои со своите успешни приказни ќе ве инспирираат да ја разберете суштината на животот и да сфатите дека не сте сами, без разлика на тоа со што се соочувате.

Д-р Васка Митова ја отвори темата за тоа како жените во денешното брзо и динамично општество се соочени со голем број на улоги кои им се доделени:

„Жената е соочена со многу димензии во своето постоење. Никогаш како досега не се наметнати толку многу димензии, толку многу улоги на една жена коишто треба да ги менаџира или да ги жонглира практично во текот на еден ден. И не можеме да кажеме дека е лесно затоа што имаме сѐ. Точно е, нешто олеснува, но многу работи отежнуваат за коишто ќе разговараме во овој поткаст!“

Од друга страна, Моника Зец многу искрено и отворено ни раскажа за тоа што значи истовремено да се биде мајка на две деца, но и успешна деловна жена која има сопствен бизнис:

„Самото мајчинство, па уште ако мајката е жена претприемач, сака да почне свој бизнис или има свој бизнис е едно многу осамено место. Се соочува со безброј предизвици и самото тоа да растеш едно мало бебе, едно мало дете и притоа да пробуваш да градиш свој сопствен бизнис е една непрестајна борба и едно жонглирање коешто мислам дека стварно нема крај и дека не може јас да направам дистинкција – до тука мене ми е работата, отсега работам, а оттука го чувам моето дете“

Ве интересира за што друго разговараа овие извонредни гостинки? Погледнете ја целата епизода веднаш:

Видео од епизодата

Ова е последната епизода од dm поткастот „Женски ритам“. Серијата од 4 епизоди е креирана така што дава одговори на специфичните предизвици со кои се соочуваат жените во денешното општество, создавајќи платформа за отворена дискусија и негување на заедништвото. Секоја од епизодите опфаќа посебен аспект од физичкото, менталното, менструалното и социјалното здравје на жените, со влијателни гости кои ги нудат своите единствени перспективи и стручност. Оваа епизода отвори нови видици за сите жени кои чувствуваат притисок поради своите секојдневни обврски. Сите епизоди од dm поткастот погледнете ги тука

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg