Шпаркасе банка го носи „Златно славејче“ во Охрид и Скопје
- Детали
- понеделник, 26 август 2024
Скопје, 26 август 2024 – Со огромно задоволство ви најавуваме два претстојни спектакуларни настани за најмладите! Во рамките на Ohrid Water Festival, на 29 август 2024 година, со почеток во 19 часот, на платото пред хотелот „Палас“ во Охрид ќе се одржи концерт на „Златно славејче“. Настанот ќе биде исполнет со музика, забава и многу радост за сите присутни деца и нивните семејства.
На овој концерт, најмладите ќе имаат можност да ги слушнат добро познатите евергрини на златните славејчиња и да се дружат со нивниот омилен лик Медо Штедо, кој ќе ги забавува со дополнителни активности. Оваа незаборавна вечер ќе биде вистинско уживање за сите деца и одлична можност за семејно заедничко време покрај Охридското Езеро.
Дополнително, на 1 септември 2024 година, со почеток во 11 часот, на Школка во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи уште еден концерт на „Златно славејче“, со кој ќе го обележиме почетокот на новата учебна година. Настанот ќе биде исполнет со позитивна енергија и ќе им овозможи на децата да почнат со училишните обврски со насмевка и одлично расположение. И овде, Медо и Медена ќе бидат дел од забавата, со многу интересни активности и изненадувања за децата.
Овие концерти се дел од заложбите на Шпаркасе Банка и платформата LIFE, со која банката вложува во заедницата, културата и иновативните идеи што го движат светот напред, кон подобра иднина.
Шпаркасе Банка и понатаму останува силно посветена на целта да обезбеди поквалитетен живот за сите во нашето општество, со посебен акцент на поддршка на најмладите генерации.
Ве покануваме да ни се придружите на овие прекрасни настани и заедно да создадеме убави спомени и моменти за најмладите!
#ВерувајВоИднината