Како да ја вратиме хидратацијата и здравиот изглед на кожата на лицето?

По интензивното жешко сонце, кожата заслужува внимателна нега и хидратација за да се врати во својата природна, здрава состојба. Новиот период е премин и идеално време за пренасочување на рутината со фокус на обновување и заштита.

kako-da-ja-vratime-hidratacijata-i-zdraviot-izgled-na-kozhata-na-liceto-01.jpg

Препораките на експертите секогаш се движат да се врати влагата на кожата која е изгубена во летниот период. Тогаш и кожата покажува први знаци на стареење, делува истоштено и исушено. Со ампулите Hyaluron Filler Concentrate на Еуцерин има идеална можност за враќање на изгубената влага и измазнување на фините линии. Серумот длабоко хидрира и ги пополнува брчките. Овој концентрат е специјално дизајниран со хијалурон и така се обновува кожата, се пополнуваат брчките, се добива долготрајна хидратација и кожата има свежина.

Изложеноста на сонце може да предизвика и пигментација. Честопати по завршувањето на одморите многумина ќе забележат појава на дамки или нерамномерен тен на кожата. Серумот Anti pigment може да помогне при ваква несакана појава бидејќи содржи Thiamidol што помага за намалување на хиперпигментациите и спречува нивно повторно појавување. Така кожата добива траен сјаен изглед и со редовна употреба кожата станува посветла. За да може да се постигнат вакви резултати производите подлежат на долгогодишни истражувања и клинички студии.

kako-da-ja-vratime-hidratacijata-i-zdraviot-izgled-na-kozhata-na-liceto-02.jpg

Третиот и многу важен сегмент е да се врати природната бариера на кожата. По особено вака жешки лета кожата станува многу чувствителна и склона кон иритации. Со Еуцерин pH5 се враќа и се зајакнува природната бариера на кожата. Се прави длабинска хидратација, кожата станува помалку подложна на надворешен стрес и се зголемува нејзината отпорност. Оваа крема е идеална за секојдневна употреба, а бидејќи има нежна формула погодна е за чувствителна кожа при што се обезбедува долготрајна заштита.

kako-da-ja-vratime-hidratacijata-i-zdraviot-izgled-na-kozhata-na-liceto-03.jpg

Во преодниот период кожата може да се заштити на време и од студените месеци, што ни се наближуваат и така може да се смета на младешки изглед и свежина на кожата преку целата година.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg