Уредениот двор не прави среќни?
- Детали
- сабота, 24 август 2024
Некогаш за среќа треба само малку! Да го обновиме запуштениот двор, или да преуредиме некој дел од дворот, да засадиме уште некое дрвце, растение, и секако повремено да го одржуваме, бидејќи убавината на дворовите е во одржувањето.
Уредениот двор создава пријатна атмосфера и ни носи чувство на мир и задоволство. Многу луѓе уживаат во уредувањето на своите дворови, бидејќи тоа е креативен процес и не поврзува со природата. Ако веќе немаме идеја или пак не знаеме како да го уредиме дворот, во нашата земја има експерти за хортикултура кои тоа ќе го направат феноменално.
Тука се издвојува градинарскиот центар ФОЈА со над 19 години искуство во областа, и пејсажисти кои точно знаат во кој дел од градината што треба да се засади, и како да се комбинираат растенијата за да тие изгледаат поубаво, но и за да траат долго време.
Човекот со допирот на земјата ја отфрла негативната енергија, воспоставува природен баланс...станува подобар човек! Не е случајно зошто источните народи толку многу време посветуваат на хармоничното уредување на својата околина, а јапонските градини претставуваат едни од најпосакуваните места за уживање.
Нашата среќа е поврзана со сетилото за вид и мирис кои најдиректно влијаат на нашето однесување и енергија.
Токму затоа доколку во својата потесна околина креираме зелена оаза која е хармонично уредена, а притоа таа е збогатена со волшебниот мирис на една Лаванда, Јоргован, Розмарин, Олеандер, Гаура, или декоративна крошна на некоја зимзелени садница, условите за опуштање сме ги обезбедиле!
Во продолжување неколку причини како добро одржуваната градина може да ја подобри нашата среќа и севкупната благосостојба?
1. Не поврзува со природата! Поминувањето време на отворено и дружењето во градината може да го намали стресот и да поттикне релаксација.
2. Ја зголемува нашата физичка активност! Градинарството често вклучува физички труд, што може да биде одличен начин на вежбање. Познато е дека физичката активност ослободува ендорфин, кој може да го подобри расположението.
3. Поттикнува креативност! Одржувањето на градината овозможува самоизразување и креативност. Преку избор на растенија, бои и распоред се поттикнува индивидуалната креативност.
4. Чувство на постигнување! Гледањето како растенијата растат и напредуваат дава чувство на достигнување, и задоволство по напорно завршената работа.
5. Уредениот двор поттикнува социјална интеракција и дружење! Добро уредената градина може да послужи како место за собирање на семејството и пријателите, поттикнувајќи зближување.
Добро уредената градина може да придонесе за среќа за многумина, но важни се и консултациите со експертите. Со широк асортиман на дрвја, зимзелени растенија, жива ограда, цвеќиња, украсни грмушки, уникатни и егзотични сорти на растенија, украсни треви и повеќегодишни цветови, Градинарскиот центар Фоја сака да овозможи на секој градинар да најде нешто по свој вкус.
Може да нарачате и онлајн на: https://foja.com.mk/shop во било кое време