Дали знаете со што можете да ги победите летните дигестивни предизвици?
- Детали
- вторник, 23 јули 2024
Летото е време со многу активности на отворено, плажа, патувања, но може да донесе и предизвици за здравјето на цревата.
Топлината може да го наруши дигестивниот систем, за што е неопходно да се посвети дополнително внимание на одржување на здрава цревна флора. Дигестивниот систем во летниот период има дополнителни потреби од добри бактерии. Еден од начините на кој можете да го подобрите вашето дигестивно здравје со поддршка на добри бактерии е со здрава балансирана исхрана и пробиотски јогурт. Од клучно значење во текот на летото е вклучувањето во секојдневната исхрана на ферментирани млечни производи, како што е јогуртот Баланс+.
Пробиотиците се корисни бактерии кои помагаат да се одржи рамнотежата на цревната флора. Помагаат да се зголемат добрите бактерии, особено по нарушување на цревната флора во летните периоди кога се повеќе сме изложени на стомачни вируси, но помагаат и во варењето и апсорбција на хранливите материи. Исто така, пробиотиците помагаат и да се намалат воспалението и симптомите на дигестивните нарушувања и да го зајакнат имунолошкиот систем со подобрување на здравјето на цревата.
Bifido Digestio е комбинација од Bifidobacterium (BB) и Lactobacillus acidophilus (LA), едни од најзначајните и најкорисни пробиотици кои имаат значајна улога во одржување на здрава цревна флора, а ги има во составот на функционалниот јогурт Баланс+ заедно со пребиотикот олигофруктоза.
Bifidobacterium (BB) и Lactobacillus acidophilus (LA) се пробиотици кои доколку се консумираат во доволни количини имаат позитивен ефект врз здравјето и влијаат врз варењето и подобрувањето на имунолошкиот систем и врз антиинфламаторните процеси со тоа што не дозволуваат лошите бактерии да се населат во дигестивниот систем. Од друга страна пак, олигофруктозата е пребиотик којшто е храна за пробиотиците и го засилува нивното дејство.
Регулирањето на дигестивниот систем иницира баланс во организмот што доведува до различни физички и психолошки подобрувања. Ова е поддржано и потврдено со клиничката студија што е направена за Баланс+, која врз основа на резултатите од повеќе учесници покажа дека работата на дигестивниот систем се регулира и е подобрена за само 10 дена, откако консумирале по 500 грама Баланс+ дневно, поделени во два оброка.
Вклучувањето на храна богата со пробиотици како што е функционалниот јогурт со пробиотици Баланс+ во вашата исхрана во текот на летото, може да го подобри здравјето на цревата, да го зајакне имунитетот и да го поддржи целокупното здравје и благосостојба, помагајќи ви да уживате во сезоната максимално. Затоа, додека уживате во сончевите денови и топлото ветренце, не заборавајте да ја вкусите освежителната добрина на Баланс+ функционалниот јогурт богат со пробиотици.