Пет типа луѓе што ќе ги сретнеш на берлинските улици

Сигурно веќе сте слушнале за живописните улици на Берлин, не поради нивната архитектура (која секако е интересна), туку поради разноликоста на луѓето што можеш да ги сретнеш. Берлин е познат по својата растечка и експериментална културна и уметничка сцена, глобално прочуениот ноќен живот, како и дружељубивоста на локалците. Хм, за ова последново не сме сигурни.

pet-tipa-lugje-shto-kje-gi-sretnesh-na-berlinskite-ulici-01.jpg

Келнерката на која ѝ е гајле за тебе. Берлин е огромен град и постојат секакви локали. Но, во оние што се најчесто посетувани од млади, и самите вработени се млади. Многу од нив дошле да го искусат градот и решиле да останат. Тоа значи дека често ќе наидете на келнери што не чувствуваат притисок веднаш да ви го донесат пијалакот. Келнерки на кои им е преку глава од туристи што не зборуваат германски. Или келнери на кои им се брза да стигнат некаде, па баш и не им одговара тоа што упорно нарачувате пијалаци. Не се тревожете, ова е дел од убавината на Берлин, колку и да звучи чудно.

pet-tipa-lugje-shto-kje-gi-sretnesh-na-berlinskite-ulici-02.jpg

Хипикот што е воодушевен од сѐ што кажуваш. Понекогаш ќе ги сретнете како водат медитација на агол од некоја улица, понекогаш како служат веганска храна во некое кафуле, а многу често ќе ги сретнете на некоја забава каде што уживаат да разговараат со сите, сакаат да чујат сечие мислење и сметаат дека сите сме полни со убавина и мудрост што едвај чекаат да ја видат.

pet-tipa-lugje-shto-kje-gi-sretnesh-na-berlinskite-ulici-03.jpg

Неискусниот журкаџија што верува дека техното ќе го спаси светот. Кожен капут, фризура со џигерици, очила за сонце и удобни обувки: вака изгледаат журкаџиите што уживаат во електронската музика и клупската сцена, но можеби не се толку добро запознаени со нејзината историја и традиција. Можеби се малку претенциозни, но имаат добра намера.

pet-tipa-lugje-shto-kje-gi-sretnesh-na-berlinskite-ulici-04.jpg

Искусниот журкаџија што знае дека техното веќе еднаш го спаси светот. За овие луѓе облеката и не е толку важна. Можеби ќе носат спортски дрес, можеби црн блузон. Искусните журкаџии се таму за да уживаат во музиката, но и за да бидат важен дел од клупската култура. Се грижат за добросостојбата на нивните сожуркаџии, ги почитуваат правилата на клубовите и честопати ги познаваат вратарите, шанкерите, па дури и диџеите.

pet-tipa-lugje-shto-kje-gi-sretnesh-na-berlinskite-ulici-05.jpg

Сево ова можеш да го искусиш само во Берлин, а еден од начините на кои можеш да отпатуваш таму е да учествуваш во наградната игра на Шпаркасе Банка што е за сите млади со пакет Vibe On. И не само во Берлин, постои можност да освоиш патување и во Амстердам, за кое ти гарантираме дека ќе биде еднакво возбудливо. Повеќе дознај на сајтот на Шпаркасе и увери се во сè што прочита.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg