Претставени членовите на жирито на SoMo Borac кои ќе ги изберат најдобрите дигитални проекти во регионот
- Детали
- четврток, 18 јули 2024
Пријавите се затвораат на 25 септември 2024, а „early bird“ пријавите се отворени до 1 септември 2024.
Загреб, 18 јули 2024 – По отворањето на пријавите за годинешното издание на SoMo Borac by Aleph, кое ќе се одржи на 25 октомври во Загреб, познато е и кои регионални експерти ќе одлучуваат кои проекти најмногу се истакнале и заслужиле вредно признание. Годинашни претседателки на жирито се Маја Блуменшајн, директорка на одделот за нови медиуми на Нова ТВ во Media stream и Ксенија Латковиќ Козарац, директорка на Дигитални комуникации во Подравка во Advertising stream.
SoMo Borac веќе 12 години по ред ги наградува најдобрите дигитални проекти и кампањи во регионот, а минатата година беше соборен и рекордот во бројот на пријави, со повеќе од 230 проекти од шест држави од регионот кои се натпреваруваа за престижната награда. SoMo Borac, покрај наградувањето на најуспешните дигитални проекти, е одлична можност за поврзување и размена на искуства меѓу регионалните експерти во областа на дигиталниот маркетинг и дигиталното издаваштво, како и можност за едукација преку предавања кои покриваат актуелни и релевантни теми од индустријата поткрепени со регионални и глобални примери.
Минатата година, како коорганизатор на SoMo Borac by Aleph, се приклучи и Хрватското друштво на дигитални издавачи (HUDI), со цел зајакнување на „Media stream“ и поддршка во споделувањето на знаење и ресурси меѓу заедницата на дигитални издавачи. Во Media stream, издавачите можат да ги пријават своите проекти во вкупно 5 категории, од кои новост е „Best media Feature“ каде пријавувачите можат да покажат специфични делови од своите постоечки производи кои значително се унапредени или иновирани. Освен тоа, проектите ќе се наградуваат во категориите: Digital Product of the Year, Design of the Year и SoMo Native.
Маја Блуменшајн, директорка на одделот за нови медиуми на Нова ТВ и претседателка на медиумскиот жири истакна:
„SoMo Borac е натпреварување кое со постојани приспособувања ги следи промените на пазарот и се труди секоја година да ги покаже навистина најдобрите проекти, водејќи сметка за специфичностите на медиумската струка.
Благодарна сум на организаторите за довербата што ми ја укажаа и претседавањето со овој исклучителен состав на жирито е нешто на што многу се радувам.
И покрај напорниот ритам на оваа супервиборна, суперспортска и по многу други содржински богата година, колегите од различни медиуми покажаа исклучителна креативност и иновативност, така што пред нас е тешка задача за избор на најдобрите“.
Претставници на медиумското жири од Македонија се Игор Поповски (CRNOBELO MEDIA) и Дамјан Дано (Aqtos & CTRL+ALT+DEL Media), а целото жири е достапно на веб страницата на SoMo Borac.
„Advertising stream“ годинава воведе нова категорија „Digital product“ која наградува дигитални производи од сите видови кои со своите иновативни идеи и висока изведба им овозможија на организациите да истражат нови аспекти на дигиталното работење.
Освен новата категорија, членовите на advertising жиријата ќе ги изберат победниците во уште 10 категории: SoMo Social Strategy, SoMo Content, TikTok, Дигитална активација, Дигитален микс, SoMo Tech, Somoritanac, SoMo Global, SoMo Growth, Digital OOH, а партнерот на проектот на некој од добитниците ја доделува и Special Mention by Aleph наградата која го става фокусот на ефективноста и иновативноста во дигиталниот маркетинг.
„Пред сè морам да кажам дека ми е голема чест, но и голема одговорност да бидам претседателка на жирито во оценувањето на работите кои ги поместуваат границите од година во година.
Во секој случај, се радувам да видам што се работело на регионалната дигитална сцена. Процесот на жирито секогаш е предизвикувачки, но исклучително инспиративен процес во кој и ние учиме нешто ново и ги шириме нашите видици, што е и поентата на SoMo Borac чија цел е размена на знаења, искуства и идеи“, рече Ксенија Латковиќ Козарац, директорка на Дигитални комуникации во Подравка, претседателка на Advertising жирито.
Претставници на advertising жирито од Македонија се: Елеонора Ѓорѓева (Publicis Skopje), Енес Каракаш (Piksel LTD) и Александар Китаноски (BGD agency), а целото жири можете да го видите на линкот.
Early bird пријавите се можни до 1 септември 2024, а последниот рок е 25 септември 2024. Пријавете се на SoMo Borac newsletter и први дознајте ги новостите околу најважното доделување награди, а следете ги и SoMo Borac Facebook, Instagram и LinkedIn страниците.