Видеолотарија Касинос Австрија спонзор на МК Ендуро теам Водно Скопје
- Детали
- среда, 17 јули 2024
Видеолотарија Касинос Австрија стана спортски партнер на Мото клубот Ендуро теам Водно Скопје.
Видеолотарија Касинос Австрија останува верен пријател на спортот. Под слоганот „Играј со најдобрите“, обезбедивме спонзорство за Мото клубот Ендуро Теам Водно Скопје. Веруваме дека ова ново партнерство ќе биде предизвик за нови победи. Ендуро Тим Водно од Скопје е меѓу најуспешните мото клубови и воопшто спортски колективи во Македонија, со 11 титули во историјата.
Ендуро Тим Водно од Скопје оваа сезона ќе настапува во македонскиот шампионат и во европскиот БМУ шампионат. На трките очекуваат повторување на постигнатите резултати.
Во сезоната 2024 настапуваат вкупно 18 лиценцирани мотоциклисти, од кои тројца се шампиони од минатата сезона и тоа: Антонио Дамјановски, Огнен Тодоров и Виктор Андреевски, 10 возачи се во јуниорска конкуренција, а дел од екипата е и единствената жена во мотоциклизмот во Македонија-Ева Дамјановска. Во рамките на сезоната 2024, тимот ќе се натпреварува во две категории – ендуро и мотокрос.
Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите