Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

Од денеска 15 јули, НЛБ Банка воведува нова, промотивна понуда за депозити за физички лица со атрактивни каматни стапки за штедни влогови во денари и во евра. Дизајнирана за сите оние кои сакаат да го максимизираат растот на своите средства, промотивната понуда на НЛБ Банка нуди конкурентни каматни стапки и сигурност на штедните влогови.

promotivno-vo-nlb-banka-nlb-super-depoziti-so-atraktivni-kamatni-stapki-01.jpg

Промоцијата која се однесува на ново-склучени договори за штедење е со важност до крајот на септември и нуди СУПЕР депозитни продукти со фиксни каматни стапки и тоа: за депозити во денари - каматни стапки до 4%, и за депозити во евра -  каматни стапки до 3%, со рок на орочување до 25 месеци.

Отворањето на депозитна сметка во НЛБ Банка е брз и едноставен процес. Клиентите можат да ја посетат која било експозитура на Банката и да добијат персонализирана услуга и искусен тим на финансиски експерти кој ќе им помогне да ја изберат вистинската опција за депозит.

Повеќе детали за промотивната понуда на НЛБ Банка може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на Банката, на линкот: НЛБ Супер депозит.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg