Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 – врвни иновации кај најновите телефони на преклоп од Samsung!
- Детали
- четврток, 11 јули 2024
Samsung неделава ги лансираше своите најнови Galaxy уреди, меѓу кои, со нетрпение очекуваните модели на телефони Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ги надминаат очекувањата за она што значи врв во иновциите кај телефоните на преклоп.
Телефоните на преклоп од серијата Samsung Galaxy Z отсекогаш претставувале особено интересна и привлечна приказна за корисниците бидејќи нудат поразлично и специфично искуство со мобилниот телефон. И овој пат не е поинаку, а имајќи ја предвид и уште повеќе надградената Galaxy AI* (вештачка интелигенција), тогаш со сигурност можеме да кажеме дека Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се полн погодок, како од естетска, така и од функционална гледна точка.
Врвен дизајн и најнапреден мобилен процесор
За естетиката на Samsung нема дилеми: Со новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 добивате врвен визуелен дизајн на производ, кој за прв пат кај овие модели може да се пофали со најтенка и најлесна за носење изработка на телефони на преклоп од семејството Galaxy досега. Совршено симетричниот дизајн со рамни рабови им дава на уредите префинет изглед, каде што двојната „шина“ на преклопните шарки сега е поддржана со зајакнат преклопен раб, а подобрените слоеви на главниот екран помагаат да се одржи цврстината. Последната генерација на паметни телефони Galaxy Z е, исто така, опремена со напредните Armor Aluminum и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, правејќи ја оваа серија на телефони најиздржливата Galaxy Z досега. Двата уреди се напојувани од Snapdragon® 8 Gen мобилната платформа за Galaxy, најнапредниот мобилен процесор Snapdragon досега, кој го спојува најдоброто од централната, графичката и невронската процесорска единица, правејќи ги исто така идеални гејминг уреди.
Galaxy AI вештачката интелигенција во функциите кај новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6
Galaxy Z Fold6, и генерално фолд моделите, често пати се нарекуваат совршените асистенти за продуктивност, со кои работните обврски лесно се извршуваат кога сте во движење. Сето тоа сега е уште поусовршено благодарение на бројните ВИ перформански кај овој телефон до кои се стигнува многу лесно и брзо, а големиот екран од 7,6 инчи кога е отклопен, е поинтелигентен од било кога досега, нудејќи уште поголема инспирација за креирање. Galaxy Z Fold6 исто така нуди мноштво зајакнати и подобрени ВИ функции за комуникација, како преведеување во реално време, hands-free интерпретатор, како алатки за пишана комуникација кои предлагаат содржини. И не го заборавајте S Pen пенкалото, кое заедно со останатите карактеристики на уредот, навистина можат да го заменат вашиот лаптоп, и секако таблет. Galaxy Z Fold6 доаѓа во прекрасни, несекојдневни бои, правејќи го овој уред уште попривлечен: сребрена сенка, розова и темносина.
Кај Galaxy Z Flip6, чиј целосен дизајн го прави особено модерен и привлечен, највпечатливата карактеристика останува да биде неговиот Flex Window, кој овој пат донесува бројни и нови опции за персонализација напојувани од вештачка интелигенција. Телефонот, кој двојно ја намалува својата величина кога е преклопен и кој ќе застане без проблем во предниот џеб од вашите фармерки, поседува ултра-модерен изглед, ВИ функции скоро исти со Galaxy Z Fold6, но и многу повеќе опции за виџети и фантастични перформанси на камерите од невозможни агли, вклучувајќи подобрена Nightography, Super HDR и уште многу други. Новите 50-мегапиксели широки и 12-мегапиксели ултра-широки сензори носат подобрено искуство во фотографирањето, со јасни и остри детали на сликата. Новиот сензор од 50-мегапикселен сензор поддржува двојно зумирање за снимки без бучава, како и AI зумирање за напредно искуство со фотографирање со зголемување до 10x. Galaxy Z Flip6 доаѓа во нијансите на сребрена сенка, жолта, сина и ментол зелена.
Безбедност на податоци, изработка и пакување според највисоки стандарди за заштита на животната средина
Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се обезбедени од Samsung Knox, повеќеслојна безбедносна платформа развиена за заштита на осетливи информации и корисничките податоци од потенцијални закани, благодарение на препознавањето закани на хардверско ниво и заедничката заштита. Претходно оваа година, Samsung воведе употреба на рециклирани минерали како кобалт и ретки природни елементи во новата серија Galaxy S24, а истиот пристап е очигледен и во компонентите на Galaxy Z Fold6 и Flip6, вклучувајќи рециклирана пластика, алуминиум и стакло, но и користејќи рециклирано злато и бакар за прв пат.
Новите Galaxy Z Fold6 и Flip6 се испорачуваат во пакување направено од 100% рециклирана хартија, а долговечноста на уредот е поддржана со седум генерации надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни надградби.
Овој пат Galaxy екосистемот, освен со новите модели на телефони на прелоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја збогатува и зајакнува својата моќ и со други фантастични уреди како паметните часовници Galaxy Watch Ultra и серијата Galaxy Watch7 – врвот во грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција, како и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново ВИ комуникациско и најнапредно аудио искуство. Овој фантастичен Galaxy екосистем составен од носливи Samsung уреди совршено комуницираат меѓу себе креирајќи единствено Galaxy искуство кои постојано го подобрува и олеснува важиот живот.
Преднарачка и достапност
Преднарачките за Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6, Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro, како и новата серија паметни часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 започнуваат од 10 јули, а ќе бидат достапни во малопродажба од 24 јули 2024.
* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.