Телеком ги повикува младите да бидат дел од „Лето за паметење“

telekom-gi-povikuva-mladite-da-bidat-del-od-leto-za-pametenje-01.jpg

  • 10.000 бесплатни музички искуства низ цела Европа
  • Уникатен настан на Telekom Electronic Beats со DJ HEARTSTRING и Sugababes

„Лето за паметење“ е случување коешто е создадено за младите од земјите од Европа каде што е присутен Дојче Телеком, за да им се овозможи пристап до разновидни музички искуства во текот на летото. Целта е младите од цела Европа да се поврзат меѓу себе преку 10.000 бесплатни музички искуства и да создадат спомени што ќе ги помнат долго време.

Тука се вклучени ексклузивни свирки за помала публика, pop-up настани чијшто домаќин е Telekom Electronic Beats, како и можност да се освојат билети за некои од најдобрите европски фестивали, како што се Melt (Германија), Rolling Loud Europe (Австрија), Lollapalooza (Германија), Скопје Calling (Скопје) и Охрид Calling (Охрид).

Корисниците на Македонски Телеком ќе имаат можност да добијат влезници преку „Magenta Moments“ во апликацијата TelekomMK.

„Нашата цел со оваа кампања е да им помогнеме на нашите дигитални „супер корисници“ ова лето да создадат неверојатни спомени коишто ќе останат запаметени цел живот.“ - вели Урлих Кленке, Главниот директор за бренд на Дојче Телеком.

„Лето за паметење“ започна вчеравечер со неверојатно музичко изненадување во  Берлин, чијшто домаќин беше Telekom Electronic Beats. Како ѕвезди на вечерта се претставија Sugababes и DJ HEARTSTRING со ексклузивен ремикс на незаборавниот хит на Sugababes „Push The Button“. Ремиксот сега е достапен преку Soundcloud.

„Толку многу спомени имаме создадено заедно, што не може ниту да почнат да се набројуваат!“ рекоа Sugababes. „Со возбуда го започнуваме „Лето за паметење“ со Дојче Телеком и се радуваме на неверојатното лето исполнето со музички искуства“.

„Возбудени сме што сме домаќини на овој настан заедно со Telekom Electronic Beats и што ќе го прикажеме за прв пат нашиот ремикс на незаборавниот летен хит на Sugababes „Push the Button“. - рекоа DJ HEARTSTRING.

Оваа кампања се надоврзува на минатогодишната кампања „Лето на радоста“ и е продолжение на посветеноста на брендот на поддршката за Генерацијата Z, овозможувајќи им да создаваат спомени коишто ќе останат до крајот на животот.

За да добиете шанса да освоите билет, посетете ја страницата: summerofjoy.electronicbeats.net каде што ќе најдете дополнителни детали.

Слушнете го ремиксот на DJ HEARTSTRING X Sugababes на Soundcloud ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg