Дали празничната трпеза е здрава или не?

Кога помислуваме на Нова година, Бадник, Божик и Василица, секогаш првите слики што ни се појавуваат на ум се од традиционалната трпеза, која вообичаено кај нас е преполна со кифлички, руска салата, сарма, свинско, тавче-гравче и други деликатеси.

dali-praznichnata-trpeza-e-zdrava-ili-ne-01.jpg

Овие јадења се калорични, а новогодишните гоштавања најчесто не завршуваат на најлудата вечер, туку продолжуваат и во наредните денови, сè до Василица и Водици.

Токму затоа некои од познатите тренери и стручњаци за здрава исхрана препорачуваат во овие денови да не се преоптоварувате со губење на килограмите, туку да се фокусирате на тоа да останете на истата тежина.

Што има во нашата традиционална храна?

Традиционалните јадења што ги споменавме се полни со јаглехидрати, маснотии, шеќери и други незаситени калории, а најчесто се консумира и голема количина алкохол, кој, исто така, е многу калоричен и придонесува за дебелење.

Но, новогодишните празници траат само неколку дена и токму затоа можеме овие денови да си дозволиме да се опуштиме и да заборавиме на броењето калории. Ова е важно бидејќи броењето калории може да биде стресно и да ви го расипе расположението во овие денови кога е најубаво да се опуштите и да се препуштите на празничната атмосфера.

Како да избегнете штетна храна?

Доколку, сепак, не сакате да отстапите од вашиот здрав начин на исхрана, можете за време на вечерата да јадете салати и месо и да го избегнете лебот. Салатата и месото ќе ве заситат и ќе ви дадат доволно енергија за да одолеете на сите други калорични јадења, кои традиционално се подготвуваат.

За да го избалансирате внесувањето алкохол, можете да пробате да пиете по една чаша вода со секоја чаша алкохол. Ова со сигурност ќе ви помогне да не внесете премногу алкохол и да останете хидрирани.

dali-praznichnata-trpeza-e-zdrava-ili-ne-02.jpg

Подготовка на трпезата

Кога веќе сме кај празничната трпеза, сите знаеме дека подготовката на храната и набавувањето на сите намирници одзема многу време и може да биде стресно, особено доколку имате работни обврски, планови или заглавите во сообраќајниот метеж, кој е особено густ поради празниците.

Овој стрес може да биде негативен за вашето здравје и да ви ги уништи деновите во кои треба да уживате со најблиските во новогодишната еуфорија. Во овој период на метеж, искористете ја можноста да направите паметен избор, да го заштедите вашето време и да нарачате пијалаци и храна онлајн.

Една од платформите што нуди одличен избор за празничната сезона е Ananas, каде што може да се снабдите со храна и со пијалаци, кои ќе ви бидат доставени до домашната адреса. Уживајте во празниците без броење калории и стрес околу организација

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg