Coca-Cola караванот го маѓепса и Охрид

Вчера и денес (25 – 26.12.2023) на плоштадот „Крушевска Република“ кај стариот Чинар, е местото каде Охриѓани може да уживаат со семејството и пријателите во празничната забава која ја нуди Coca-Cola.

coca-cola-karavanot-go-magepsa-i-ohrid-01.jpg

Со караванот се слави духот на дарежливоста и љубезноста, под мотото „Дедо Мраз во сите нас“.

coca-cola-karavanot-go-magepsa-i-ohrid-02.jpg

Бројните активности кои ги нуди караванот вклучуваат:

  • Правење „селфи“ со Coca-Cola Караванот и споделување на фотографии на социјалните мрежи;
  • Квиз „Дознај каков Дедо Мраз си“: Ги повикуваме посетителите да откријат каков тип на Дедо Мраз се, преку дигитален квиз и бесплатна Coca-Cola Zero од 0,5 л.;
  • Место за добротворни активности: Посетителите ќе може да го посетат местото за средби со Црвениот крст, да дознаат нешто повеќе за активностите на Црвениот крст и да се вклучат во нивната волонтерска програма;

coca-cola-karavanot-go-magepsa-i-ohrid-03.jpg

  • Подароци: Оваа сезона на празници, посетителите ќе можат да подарат персонализирано шише Coca-Cola на своите пријатели или партнери/ки;
  • Празнична разгледница: Посетителите ќе може да изработат вистинска разгледница и да им ја пратат на нивните сакани;
  • Одржливост: Места за рециклирање и материјали од рециклирана хартија.

coca-cola-karavanot-go-magepsa-i-ohrid-05.jpg

Следната и последна дестинација на караванот е Струмица на 29 и 30 декември.  

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg