Шпаркасе Банка: Кој прв до VIBE ON – CASHBACK?
- Детали
- четврток, 07 декември 2023
На 1 ноември, Шпаркасе Банка и Visa ја започнаа „VIBE ON – CASHBACK“ кампањата која нуди одлична можност за поврат на средства на „Vibe on“ трансакциската сметка и многубројни поволности за сите корисници на „Vibe on“ пакетот за млади.
Сѐ што Ви е потребно е токму преку Вашата „Vibe on“ платежна картичка со брз „вајб-ритам“ да направите 10 продажни трансакции со вкупна вредност од 2 000 денари затоа што за најбрзите 3 000 корисници следува „Cashback“ во вкупна вредност од 500 денари на „Vibe on“ трансакциската сметка. Притоа, само продажните трансакции со „Vibe on“ картичката влегуваат во процесот на бодување за добивање на Cashback.
Бесплатниот пакет за млади „Vibe on“ е приспособен да ги задоволи потребите на новите
генерации. Како дополнителни привилегии во кои уживаат младите корисници на „Vibe on“ пакетот на возраст од 15 до 25 години, се: бесплатно месечно одржување на платежна сметка, бесплатна Visa дебитна картичка, бесплатно користење S-Banka мобилна апликација со можност за плаќање, како и две бесплатни подигнувања на готовина на месечно ниво од кој било АТМ во земјата. Пакетот за млади нуди и соодветни привилегии и поволности во рамките на „Vibe on“ клубот.
Не ги пропуштајте попустите кои ќе Ви овозможат дополнителна заштеда.
Шпаркасе Банка се залага за одговорно финансиско дејствување во иднина, давајќи им можност на студентите и младите за свој прилив на средства, за самостојно управување со сопствените финансии и целосна слобода на трошење за нивни потреби.
Подгответе ја Вашата „Vibe on“ картичка и почнете со купување. Обезбедете си дополнителен прилив и верувајте во својата финансиска иднина затоа што Шпаркасе Банка верува во Вас.
Промотивниот период на „VIBE ON-CASHBACK“ кампањата трае до 31 јануари 2024 година, а исплатата на повратот на средства за најбрзите 3 000 корисници ќе започне на 14 февруари 2024 година.
За сите подетални информации околу „VIBE ON – CASHBACK“ кампањата, дознајте повеќе на: https://bit.ly/45YCDvV
#ШпаркасеБанка
#ВерувајВоИднината
#VibeOnCashBack
#CashBack
#МојВајбНаМојНачин