Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра

На овогодинешното доделување на престижните IPE (Investment & Pensions Europe) награди, кое се одржа во Виена, Австрија, Сава пензиско друштво е прогласено за победник во категоријата „Small pension fund“ (Мал пензиски фонд) која се однесува на управувачи со средства до 1 милијарда евра под управување.

sava-penzisko-drustvo-e-evropski-pobednik-vo-kategorijata-na-upravuvaci-so-sredstva-do-1-milijarda-evra-01.png

„Јасниот фокус во комуникацијата со членовите, користењето на модерна технологија и привлечната содржина“ се главните аспекти според кои жири комисијата ја додели оваа награда на Сава пензиско друштво, препознавајќи ги предностите на нивното работење преку:

  • вложувањата во професионален развој на вработените и подобрување на процесот на инвестирање;
  • едукативен блог портал со содржини обезбедени од вработените; и
  • мобилна апликација која им овозможува на членовите да ги ажурираат личните податоци.

Друштвото исто така влезе во најтесниот избор во категоријата „Equities“ (Акции) на ниво на Европа.  

„Посветеноста и експертизата на тимот добри луѓе кои работат одговорно и посветено и овој пат донесе огромен успех – победа на европско ниво. Ова признание нè охрабрува и обврзува и понатаму да продолжиме со успешно работење во интерес на членовите и пензионираните членови на фондовите со коишто управуваме“.

IPE (Investment & Pensions Europe) веќе 23 години ја наградуваат извонредноста, разновидноста и иновативноста во работењето на пензиските фондови на европскиот континент. Самиот настан претставува најголем годишен собир на пензиските друштва и компаниите за управување со средства во Европа.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg