Граѓани и бизниси донираа вредност од над 2 милиони денари во кампањата „Денови за донирање” и успешно го оформија првиот донаторски фонд

Во рамки на проектот Партнерства за донирање, изминатите два месеца се одржуваше националната кампања „Денови за донирање“.

gragjani-i-biznisi-doniraa-vrednost-od-nad-2-milioni-denari-vo-kampanjata-denovi-za-doniranje-i-uspeshno-go-oformija-prviot-donatorski-fond-01.jpg

Оваа кампања поддржа 31 непрофитна организација и вклучи 50 бизниси и се донираше 2.017.212 денари во финансиски средства, добра и услуги и волонтерски труд.

Ова му овозможи на тимот на Конект да го формира првиот донаторски фонд во земјата. Над 2.100 граѓани, организации и компании се вклучија во првата национална кампања од ваков вид и заеднички создаде можности секој граѓанин и компанија да вложат во подобра иднина во нашата земја.

Како заокружување на целата оваа манифестација беше организиран завршниот настан кој беше осмислен како Добротворен базар на кој присутните имаа можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 13 социјални претпријатија.

По тој повод директорката на УСАИД во Северна Македонија, г-а Џери Дајбл истакна:

„Поттикнувањето на домашните капацитети за унапредување на социјалната и економската стабилност на земјата во мултиетничката демократија е приоритет за Соединетите Американски Држави. Ја гледаме вредноста и повратот на инвестицијата во ова додека соработуваме со вас за да негуваме култура на дарување и да поттикнуваме акции и инвестиции на ниво на заедницата. Ние навистина веруваме дека ангажираната филантропија е од витално значење за унапредување на демократските вредности.”

gragjani-i-biznisi-doniraa-vrednost-od-nad-2-milioni-denari-vo-kampanjata-denovi-za-doniranje-i-uspeshno-go-oformija-prviot-donatorski-fond-02.jpg.JPG

Оваа прилика беше искористена за да им се дадат признанија и благодарници на музичките ѕвезди, модните дизајнери, компаниите и донаторите кои несебично ја поддржаа кампањата „Денови за донирање“ и овозможија да се отпочне првиот Донаторски фонд во нашата земја.

“Успехот на оваа кампања „Денови за донирање“ не би бил можен без несебичната поддршка на донаторите. Го формиравме првиот филантропски фонд каде се здружуваат донациите на граѓаните и бизнисите за да ги поддржат непрофитните организации што го менуваат животот во нашите заедници”, истакна извршната директорка на Конект, г-а Никица Кусиникова.

Настанот се одржува во рамки на проектот на УСАИД Партнерства за донирање спроведуван од Конект во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg