Воодушевете се од неодоливите вкусови на O'Plant млеката!
- Детали
- понеделник, 04 декември 2023
Последниве години се повеќе се зборува за придобивките и популарноста на исхраната на база на намирници од растително потекло, па така, компанијата Подравка го создаде брендот O'Plant, со цел да обезбеди вкусна алтернатива на производите од животинско потекло. На овој глобален тренд Подравка му се придружи со четири видови растителни млека O'Plant од овес и бадем, со изворска вода, природни, без лактоза и без додаден шеќер.
Во производството на амбалажата на O’Plant млеката се користат 83% материјали од растително потекло, со што се обезбедени и помали емисии на CO2. Во однос на употребата, растителните млека O'Plant одлично се комбинираат со житарици за појадок, храна за бебиња, десерти, овошје, кафе или се користат како состојка во подготовка на разни солени и слатки јадења.
Овие млека содржaт многу хранливи материи, го обезбедуваат човечкото тело со потребните минерали, калциум и витамините А, Д и Б12. Иако имаат пријатен сладок вкус, не содржат додаден шеќер, туку само шеќер кој е природно присутен во состојките од кои се прават растителните млека. Не содржат лактоза ниту пак глутен и се соодветни за сите луѓе кои не ги користат овие состојки во исхраната поради здравствени или други лични причини.
Сега кога го знаете сето ова, упатете се кон најблиската продавница и одберете го о’билно доброто растително млеко уште денес.
Ќе бидете воодушевени од врвните состојки и неодоливите вкусови на O'Plant млеката.