Голем спектакл за отворањето на ски сезона на Копаоник од 7-10 декември

Зимската сезона на омилената дестинација на целиот регион, официјално се отвара на 7 декември под манифестација SKI OPENING KOPAONIK. Оваа година е спремна разновидна програма, луксузни содржини и традиционално големи концерти на балканските ѕвезди Ацо Пејовиќ и Сека Алексиќ.

golem-spektakl-za-otvoranjeto-na-ski-sezona-na-kopaonik-od-7-do-10-dekemvri-01_1.jpg

Врвовите на Копаоник побелеа, а прогнозите се идеални за сите љубители на скијањето и планинскиот туризам.

Температурите во минус овозможуваат системите за вештачко оснежување да работат со полн капацитет, така што првото скијање оваа сезона ќе се одвива во полн сјај и ќе ги исполни очекувањата на повеќе од 10 илјади посетители кои секоја година ја отвораат сезоната на покривот на Србија.

Првиот ден скијањето ќе биде бесплатно, а следните три дена ски картите ќе се продаваат со 30% попуст. Како и многу модерни дестинации, Копаоник ќе биде епицентарот на збиднувањата кои ќе ги задоволи вкусовите на сите генерации.

Grand_2.jpg

Симболика на отворањето

Првата вечер гостите на Ski Opening ќе имаат можност да ја видат спектакуларната ноќна скијачка трка на која учествуваат членови на Планинарската спасувачка служба.

Покрај скијањето, локацијата “Dolina Sportova” годинава ќе биде збирно место на најдобрите домашни диџеи кои со звуците на добрата музика ќе го означат почетокот на зимската магија на Копаоник.

golem-spektakl-za-otvoranjeto-na-ski-sezona-na-kopaonik-od-7-do-10-dekemvri-07.jpg

Во исто време, реномирани производители на скијачка опрема ќе им понудат на посетителите да ги тестираат најновите модели на лице место, а најпознатите хотели ќе ја зачинат атмосферата со дегустирање на зимски вкусови од традиционалните специјалитети.

Гостите ќе можат да ја посетат и изложбата за Никола Тесла, која официјално ќе биде отворена од Туристичката организација на Рашка и музејот Никола Тесла во Вила Рас.

Незаборавни забави

Традиционалното убаво време кое го означува почетокот на зимската сезона е резервирано за 8 и 9 декември, кога во големата сала за настани на хотел Гранд Копаоник Ве очекуваат два последователни вечерни спектакли со популарни изведувачи и врвна продукција на SKYMUSIC.

На самото отворање атмосферата ќе ја подигне Ацо Пејовиќ, изведувач чии хитови гарантираат одлична забава, додека следната вечер публиката ќе ја забавува атрактивната Сека Алексиќ.

golem-spektakl-za-otvoranjeto-na-ski-sezona-na-kopaonik-od-7-do-10-dekemvri-06.jpg

Големо искуство на Копаоник

Еден од најпознатите планински хотели во регионот, хотел Гранд Копаоник го издигнува зимскиот туризам на највисоко ниво, обезбедувајќи врвна услуга и незаборавно искуство на своите гости.

Луксузниот амбиент и капацитети, заедно со препознатливото гостопримство, се дел од неговиот уникатен концепт кој нуди се на едно место - релаксација во луксузни спа објекти, безгрижен одмор со деца, услуга на искусни ски инструктори и аниматори, уживање во вистински гастрономски сензации, директен пристап на ски стази, но и одлична вечерна забава.

golem-spektakl-za-otvoranjeto-na-ski-sezona-na-kopaonik-od-7-do-10-dekemvri-05.jpg

golem-spektakl-za-otvoranjeto-na-ski-sezona-na-kopaonik-od-7-do-10-dekemvri-02.png

Бонус Спа сензација

Опкружени со скијачки патеки и прекрасната природа што го краси Копаоник, не пропуштајте го уживањето во ексклузивните спа објекти како неизбежен дел од врвниот зимски одмор.

Отворен и затворен базен со поглед на скијачките патеки, избор на сауни и луксузни третмани, носат извонредна спа атмосфера која нема да се заборави.

Grand_Kopaonik.jpg

Копаоник, со просечно 200 сончеви денови годишно, и просечно 160 снежни денови (од крајот на ноември до првите мајски денови), е дефинитивно идеална комбинација за секој вљубеник на природата и зимските спортови.

Најголема и најдобра понуда за апартманско и хотелско сместување на Копаоник, како и секоја зима, може да најдете во Пилот Травел

golem-spektakl-za-otvoranjeto-na-ski-sezona-na-kopaonik-od-7-do-10-dekemvri-04.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg