Блескава колекција за вашите мали принцези: „Посакај магија“ на македонскиот бренд „Minie's by sisters“ 

Веќе познатиот македонски детски бренд Minie's by sisters оваа зима ни донесе една заносна магија со која овозможува детските насмевки да сјаат најсилно доживувајќи ја својата бајка.

bleskava-kolekcija-za-vasite-mali-princezi-posakaj-magija-na-makedonskiot-brend-minies-by-sisters-01_1.jpg

Колекцијата „Посакај магија“ фантастичната зима ја трансформира во магична средина исполнета со атмосферата на ѕвезденото небо.

Дизајнерките Татјана и Тамарa подготвија блескава колекција на идеи инспирирани од волшебноста на ѕвезденото небо.

bleskava-kolekcija-za-vasite-mali-princezi-posakaj-magija-na-makedonskiot-brend-minies-by-sisters-04.jpg

Низ колекцијата „Посакај магија’’ ќе се сретнете со наједноставни кроеви на кои магијата е фрлена низ деталите, но неизбежно е да ги забележите и волуменозните и гламурозни модели кои сe исполенти со елеганција која плени.

Палетата на бои е вистинско уживање, внимателно избрани нијанси кои ја отсликуваат ѕвездената глетка.

bleskava-kolekcija-za-vasite-mali-princezi-posakaj-magija-na-makedonskiot-brend-minies-by-sisters-07.jpg

Вниманието на колекцијата е задржано на висококвалитетните материјали, а најмногу емоциите внесени во секој дизајн, по што дизајнерките сметаат дека токму дизајните на Minie’s by sisters носат свој печат и уникатност.

bleskava-kolekcija-za-vasite-mali-princezi-posakaj-magija-na-makedonskiot-brend-minies-by-sisters-03.jpg

„Пресреќни сме што со нашиот талент и љубов кон работата создаваме насмевки кои ги исполнуваат детските имагинации и мечтаења. Уште поголеми амбициите се јавуваат за нашиот бренд да се развива со тоа што добиваме секојдневно зголемување на позитивни коментари и задоволни клиенти. Голема е привилегијата да создаваме производи со огромна љубов и посветеност од почеток до крај.“

bleskava-kolekcija-za-vasite-mali-princezi-posakaj-magija-na-makedonskiot-brend-minies-by-sisters-08.jpg

bleskava-kolekcija-za-vasite-mali-princezi-posakaj-magija-na-makedonskiot-brend-minies-by-sisters-01.jpg

Новата колекција е веќе достапна во продажниот салон во Свети Николе или на веб страната.

Следете ги на нивните Инстаграм и Фејсбук страници.

bleskava-kolekcija-za-vasite-mali-princezi-posakaj-magija-na-makedonskiot-brend-minies-by-sisters-09.jpg

bleskava-kolekcija-za-vasite-mali-princezi-posakaj-magija-na-makedonskiot-brend-minies-by-sisters-05.jpg

Прочитајте и: Сестрите Татјана и Тамара (24) од Свети Николе изработуваат бајковити креации за мали принцези и мајки: „Важно е да се одбере соодветен материјал за секоја креација“

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg