Халкбанк и во третиот квартал била прв избор на новорегистрираните компании, над 25% ја избрале за матична банка

Од вкупно 1.483 компании кои се регистрирале во третиот квартал од годинава, најголем дел или 378 нови правни субјекти, што е 25,5% од новорегистрираните компании, за своја матична банка ја одбрале Халкбанк, покажуваат најновите податоци од платформата Biznismreza.mk кои ги објави порталот Pari.mk.

halkbank-i-vo-tretiot-kvartal-bila-prv-izbor-na-novoregistriranite-kompanii-nad-25-ja-izbrale-za-matichna-banka-01.jpg

Состојбата е идентична како и во третото тромесечје од ланската година, кога исто како и сега, секоја четврта нова компанија ја одбрала Халкбанк АД Скопје.

Анализата на Пари покажува дека најмногу од новоотворените компании за матична избрале една од банките кои влегуваат во големата банкарска петорка на системски значајни банки. Односно Халкбанк добила 378 нови коминтенти, НЛБ - 278, Комерцијална - 254, Стопанска банка- 169 и 95 нови коминтенти добила Шпаркасе.

Гледано по градови во кои биле регистрирани најмногу нови фирми, а тоа се Скопје, Тетово и Битола, состојбата е иста – на најмногу компании изборот им бил Халкбанк. Па така, во Скопје каде се отворени 721 нови фирми, 199 или 27% се одлучиле за Халк банка. НЛБ била втора по избор на 145 фирми, а Комерцијална банка на 134 нови скопски фирми.

Во Тетово во јули, август и септември биле отворени нови 76 фирми, од кои 26 ја одбрале Халкбанк, 13 станале коминтенти на ТТК банка, а 8 на Стопанска банка Скопје.

Во Битола во третиот квартал имало 73 новоотворени компании, од кои 13 отвориле сметка во Халкбанк, исто толку и во скопската Стопанска, додека 12 фирми се одлучиле за НЛБ.

Халкбанк АД Скопје веќе неколку години е прв избор на новоотворените компании. Ланската година банката добила 27.000 нови клиенти, физички и правни лица. Притоа, од новорегистрираните 8.665 компании, дури 1.959 за своја матична банка ја избрале Халкбанк АД Скопје, односно секоја четврта новоотворена фирма се одлучила за оваа банка. Состојбата беше иста и во 2021 година. Од 8.662 нови правни субјективо регистрирани таа година, клиенти на Халкбанк станале 1.976 компании. 

Новоотворените компании ја одбираат Халкбанк поради производите, услугата и условите кои очекуваат да ги добијат од банката, како и можноста за континуирана финансиска поддршка и експертиза. Халкбанк е особено позната по поддршката која ја дава на микро, малите и средните препријатија за кои се креирани и производи преку кои се поддржуваат нивни тековни потреби за основни средства и обртен капитал.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg