5 идеи за економично преуредување на домот
- Детали
- четврток, 23 ноември 2023
Понекогаш ни е потребен нов почеток и нова средина што ќе нè поттурне да создадеме повеќе од нашето секојдневие и да живееме поисполнето.
Просториите во кои го поминуваме нашето време влијаат многу на тоа како се чувствуваме и функционираме во текот на денот, па токму затоа е важно барем домот да биде исполнет со мир и спокојство.
Преуредувањето на ентериерот може да биде терапевтски потфат што ќе ви овозможи да создадете средина што, не само што ја одразува вашата личност, туку и ќе создаде новa приватна оаза на мирот.
Се ближат попустите за Black Friday, а тоа е време кога производите за дом и градина се на големи попусти, па доколку веќе некое време размислувате да го освежите вашиот дом, можеби сега е совршениот период за тоа.
Галерија со рамки за слики во различни форми и дизајн
Сите имаме огромен број фотографии во телефоните, но многу малку во печатена форма и сместени во соодветен албум. Можеби тоа е причината што во последно време правењето галерија со рамки за слики стана популарен тренд меѓу сите тие што во домот сакаат да имаат топла атмосфера.
Правењето галерија со рамки за слики е многу лесно и економично, особено ако најдете рамки на попуст, а ваквата галерија може да направи голема разлика во вашата дневна соба, трпезарија или спална соба.
За да направите галерија со слики треба да ги испечатите фотографиите и да одберете рамки за слики во различни форми и големини. Ова ќе овозможи елегантен допир на просторот каде што се поставени. Можете да врамите фотографии од семејството, вашите омилени патувања, билети од концерти, постери, разгледници, слики или цртежи, кои секогаш ќе бидат тука за да ве потсетат на убавите спомени.
Удобно катче со декоративни перници
Понекогаш не е доволно нашиот дом да биде пријатен само за нас. Некогаш сакаме во него да има простор или катче каде што и нашите пријатели ќе се чувствуваат удобно и каде што можеме да споделуваме забавни моменти.
За да направите вакво катче, воопшто не се потребни сериозни мајсторски зафати, туку, едноставно, можете да преуредите некоја од собите. Нарачајте и додајте кадифени и меки перници, кои веднаш создаваат пријатен амбиент за релаксација и разговор и имате комплетно нов лик на просторот.
Решете се за земјени тонови или комбинација од текстура и дизајн за да создадете топла и привлечна атмосфера. Додајте мала дрвена масичка и амбиентално осветлување и веќе имате простор каде што ќе можете да се одморите по долгиот ден, а и простор каде што со вашето друштво ќе можете да се дружите во опуштен амбиент.
Инвестирајте во мека и пријатна постелнина
Доколку немате време да направите некое поголемо преуредување на домот или имате ограничен буџет, па можете да инвестирате само во еден производ, тогаш одлучете се за удобна постелнина.
Една третина од нашиот ден ја поминуваме во спиење, а тоа како се чувствуваме за време на сонот, влијае многу на часовите кога сме будни. Само со промена на постелнината, лесно ќе ја промените вашата соба во многу поудобно и попријатно место.
Одберете меки ткаенини и одлучете се за смирувачки бои за да создадете спокоен амбиент. Добро наместен кревет прекриен со прекрасна постелнина веднаш ќе ја промени естетиката на вашата соба и ќе ви помогне многу полесно да заспиете и повеќе да уживате во сонот.
Оаза на отворено
Ако имате двор, тогаш оваа есен е време да го преуредите за да можете во сончевите денови да уживате на отворено. Градинарските сетови и гарнитури за време на Black Friday можат да се најдат по добри цени, а со еден ваков сет веднаш ќе направите промена во целиот амбиент во дворот.
Одберете парчиња што ќе се вклопуваат во амбиентот и секое утро со сигурност ќе уживате во утринското кафе. Создајте простор за релаксација и благосостојба во вашиот двор и ќе ги направите среќни сите членови на семејството.
Разубавете го просторот со амбиентално осветлување
Светлината во просторот може да направи голема промена. Опремете се со висечки светилки, подни светилки, секакви мали ламбички во различни бои и создајте топла и пријатна атмосфера.
Осветлувањето веднаш ќе ја промени просторијата и ќе ја направи интимна и пријатна. Ако имате катче во кое уживате да читате, вистинската ламба ќе направи голема промена во просторот, а осветлувањето е многу важно и во другите простории, особено во работната соба, спалната и секаде каде што поминуваме голем дел од нашето време. Инвестирајте во добро осветлување бидејќи тоа може многу да ви помогне во создавањето хармонично опкружување.