После 10 години Нина Јанева и Тони Михајловски повторно за сендвичарата!

Колку со борбата за рамноправност жените заборавија на својата женственост и дали е убиена машкоста на момците? На оваа тема ексклузивни гости - Тони Михајловски, Димитар Атанасовски, Нина Јанева и Кристина Димитри. 

posle-10-godini-nina-janeva-i-toni-mihajlovski-povtorno-za-sendvicarata-02.jpg

Кристина Димитри вели дека жената кога чувстува потреба да се бори и да создаде се сама тоа значи дека зад себе имала неспособен маж, нагласувајќи дека тоа го зборува од искуство. На прашањето дали мисли оти таа подобро се развела или нејзиниот маж подобро се развел, таа искрено одговори дека она тоа го направи подобро.

Со оглед на тоа дека ги имавме и двајцата Тони Михајловски и Нина Јанева во иста емисија решивме да ја откриеме дилемата околу нивната наводна кавга за коментар во шоуто „Опуштено“. „Никад не сме биле скарани, тоа го зборуваат заради финтата на Тони ама ми се свиѓа што уште сме актуени со тоа“, рече Нина, а Тони додаде дека тоа е така бидејќи никој не успеа да смисли подобра финта. 

posle-10-godini-nina-janeva-i-toni-mihajlovski-povtorno-za-sendvicarata-01.jpg

На барање на водителката Снеже Велков и на задоволство на многу телевизиски гледачи Тони Михајловски за момент ја врати легендарната Верка-монтажерка во живот, барем за момент. Моментот погледнете го во емисијата на следните линк:

Димитар Атанасовски зборуваше за фотосесијата со неговата сопруга Сара Мејс каде се појавија по долна облека. „Јас се чудев кога не викнаа двајата, некој сакаше да плати по долен веш да ме види“, се пошегува тој и додаде дека било убаво искуство пред се поради тоа што првпат направил нешто такво, а воедно и во пар со својата сопруга.

„Тоа е сосема нешто нормално во светот, а овде ретко кој се осудил на нешто такво и целата кампања беше наменета практично за да се покаже дека не треба да си совршен, а да си сепак горд на себе и на тој што е до тебе“.  

Гледајте „Нешто конкретно“ секоја недела во 17.00 часот на Телма.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg