Необичен сојузник на секоја празнична трпеза
- Детали
- вторник, 21 ноември 2023
Подобрете ја празничната идила со ConvertActive технологијата на Gorenje фрижидерите и искористете ги специјалните попусти во текот на ноември.
На почеток сме на сезоната на слави, во куќата на повеќето од нас владее посебна атмосфера, особено таму каде што се случува најголемата магија на прославата - во кујната!
Домаќинството е подготвено, менито е внимателно испланирано, а сите членови на семејството придонесуваат. Посебно внимание се посветува на подготовката на житото и колачот за слава, кои се носат во црква за да се осветат. При вакви важни подготовки пресудно е чувањето на сите јадења, за храната да остане свежа за гостите. Gorenje ConvertActive фрижидерот е одличен избор кога станува збор за сигурно складирање храна, без разлика дали е во мали или големи количини.
Овој Side by Side NoFrost Plus фрижидер со ConvertActive технологија ви овозможува со притискање на едно копче брзо да го промените замрзнувачот во ладилник или во пространа ZeroZone-а, што е важно за складирање храна и пијалаци за празнични трпези. Споменатите делови се идеални за складирање на храна која ќе треба да биде идеално подготвена и послужена кога ќе пристигнат гостите. Покрај тоа, пространата CrispZone фиока на овој фрижидер ја зачувува свежината и го продолжува квалитетот на храната што не е термички обработена, како што се салатите и други слични додатоци на главните јадења. Пониската температура ги зачувува хранливите материи и на тој начин обезбедува висок квалитет на храната.
Подготвувајќи се за слава, овој фрижидер ќе ви биде партнер, обезбедувајќи доволно простор за складирање храна и за обилни оброци, а сѐ што треба да направите е да го планирате редоследот на послужување.
И уште една многу важна работа - Gorenje фрижидерите користат еден од најдобрите NoFrost Plus системи за ладење на пазарот, кој спречува таложење мраз, има мала потрошувачка на енергија и одржува идеална микроклима во замрзнувачот. Циркулацијата на јонизиран воздух го спречува сушењето на храната, зачувувајќи ја нејзината хранлива вредност.
Резултатот е оптимално искористување на просторот за складирање и збогум на досадното одмрзнување. Дополнително, но не и најмалку важно, инвертер моторот ги прави апаратите потивки, поиздржливи и енергетски поефикасни, обезбедувајќи стабилна температура за долга свежина на храната додека заштедува електрична енергија.
За време на Black November акцијата, можете да добиете значителни попусти на овој извонреден фрижидер, чија целосна и бесплатна гаранција е дури пет години и десет години на инвертер моторот со регистрација на mk.gorenje.com, и други производи кои ќе ги подобрат вашиот амбиент и вашиот дом за време на прославите.
Интересно е што Black Friday во компанијата Gorenje не трае само еден ден или за време на викендот, туку имате до крајот на овој месец да размислите за купување на овој или некои други Gorenje апарати на веб-страницата на Gorenje, во продажните салони на Gorenje или кај продажните партнери Gorenje Македонија.
Подгответе се за прослави исполнети со радост, омилена храна, убави моменти и незаборавни попусти за време на Black November акцијата, а Gorenje фрижидерот нека стане дел од вашата празнична традиција. Знаеме дека не сте размислувале за тоа, но таков фрижидер навистина станува необичен сојузник на вашата слава.