Халкбанк со нова акција за пошумување – засадени 15.000 садници во Беровско
- Детали
- сабота, 18 ноември 2023
Вчера во околината на Берово беа засадени нови 15.000 садници како донација од Халкбанк АД Скопје во рамките на нејзините општествено одговорни активности во кои едно од најзначајните места зазема посветеноста на заштита на животната средина.
Пошумувањето го извршија вработени од различни дирекции и филијали на банката, а новите дрвја се набавени од средствата на Халкбанк наменети за ХалкЕко пошумување, но и од собраните котизации од велосипедската трка ХалкВело Грин која и овој 8 септември традиционално, во организација на банката, се одржа во Маврово.
Халкбанк во земјава е препознаена како еко ориентирана компанија што перманентно вложува во заштита на животната средина, како и во зазеленување на земјава со нови дрвја таму каде што е потребно. Сите овие активности се реализираат преку платформата ХалкЕко чија основна цел е давање придонес и подигање на свеста за потребата од поголема грижа за природата.
Од првата акција за садење одржана во октомври, 2019 година, во повеќе наврати засадени беа над 33.000 дрвја низ државата, меѓу кои 6.000 во Велес над езерото Младост, потоа 15.000 во околината на Свети Николе, околу 3.000 садници во реонот меѓу Битола и Демир Хисар, но и во многу други градови и во училишните дворови во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Богданци и други.
Овојпат е одбрана Малешевијата како еден од најзелените региони во земјава кој изминативе години беше поголен од големи пожари.
„Зачувувањето на шумскиот фонд и целокупната благосостојба на нашата планета, нè засега сите и затоа ние како еко-ориентирана банка даваме активен придонес за подобра животна средина на локално и на глобално ниво. Малешевијата претставуваат вистински бели дрбови на земјава.
Но за жал, последните години постојано има пожари кои пеплосуваат огромни површини шума. Најголем секако беше оној во 2021 година во кој изгореа 5000 км2 борова шума Токму затоа одлучивме да помогнеме во обнова на шумскиот фонд во овој регион“, велат од дирекцијата за корпоративни комуникации на Халкбанк.
Халкбанк преку својата платформа ХалкЕко, во која делува со подршка на Мастеркард, освен зазeленување на јавни површини и обнова на шумскиот фонд, реализираа и низа други еко активности кои вклучуваат еко донации во урбаните средини, поддршка на спортски настани и комуникација за подигање на свеста за потребата од заштита на природата и негување здрави животни навики.
Во рамки на платформата е и ХалкЕко апликацијата која користи и како директна стимулација на еко совесното население за нивно поголемо вложување во “зелените” навики.
Халкбанк е воедно и прва банка од регионот која стана член на коалицијата Priceless Planet, која има за цел до 2025 година во светот да бидат засадени над 100 милиони дрвја.