Промо потрошувачки кредит на Халкбанк со најдобри услови на пазарот: фиксната камата изнесува 5,4% за целиот период

Промо потрошувачки кредит со каматна стапка од 5.4%, фиксна за целиот, максимален период од 10 години, е новиот производ на Халкбанк АД Скопје. Истиот, во моментов e производ со најдобри услови на пазарот.

promo-potrosuvacki-kredit-na-halkbank-so-najdobri-uslovi-na-pazarot-fiksnata-kamata-iznesuva-5-4-za-celiot-period-01.jpg

Клиентите во банката можат да аплицираат за износ на средства до 25.000 евра, а рокот на отплата е до 120 месеци. Кредитот е без трошоци за обработка на барањата.

Кредитот е со задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје што изнесува 1000 денари годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.

Искористете го моментот и остварете ги сите ваши финансиски потреби со Промо потрошувачкиот кредит на Халкбанк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg