Посетете еден од најубавите божиќни пазари во Европа: Кажете „ДА“ за празнична бајка во Нови Сад
- Детали
- понеделник, 20 ноември 2023
Полека, но сигурно, се ближи крајот на оваа година. Со нетрпение го очекуваме почетокот на најмагичниот период во годината – период на светилки, подароци, искрени прегратки, новогодишна и божиќна магија насекаде околу нас.
Патувањата се секогаш поинакво доживување во овој период од годината. Доколку сакате да почувствувате вистинска зимска новогодишна бајка, упатете се кон Нови Сад.
Градот кој уште и го нарекуваат „Српска Атина“ се претвора во прекрасна зимска бајка која е идеална за креирање на безброј спомени.
фото: Александар Милутиновиќ
Празничната магија во градот е распределена на неколку локации и нуди забава и уживање за сите генерации.
фото: Александар Милутиновиќ
Што да посетите во Нови Сад и околината во најубавиот период од годината:
1. Греано вино, ликер од вишна, вкусни медењаци со мирис на цимет, вкусна храна, светилки, музика... На главниот градски плоштад, на 25 ноември започнува божиќниот пазар „Новосадски Зимзоленд“ и ќе трае до 26 декември.
фото: Александар Милутиновиќ
фото: Александар Милутиновиќ
2. На платото пред трговскиот центар Променада ве очекува зимскиот фестивал „Божиќна магија“ во периодот од 1 декември до 10 јануари 2024. Секоја вечер од 18 часот на „Распеаната елка“ ќе настапуваат детски хорови, од 19 часот на ќе има концерти на популарни новосадски бендови. И овде може да купите празнични ракотворби, накит, слатки и солени задоволства, греано вино и топло чајче кои ќе ве стоплат во ладните вечери.
фото: Александар Милутиновиќ
3. Зимската фантазија продолжува во магичната „Ледена шума“ – бајковите лизгалиште во Дунавскиот парк каде детските насмевки и накитените дрвја создаваат посебна атмосфера.
фото: Александар Милутиновиќ
фото: Александар Милутиновиќ
фото: Александар Милутиновиќ
4. Најстариот пазар во градот ќе биде отворен двапати во декември за Новосадски ноќен пазар, на 1 и 29-ти за сите оние кои сакаат да купат уникатни рачно изработени производи и секако за гастрономски специјалитети.
фото: Александар Милутиновиќ
фото: Александар Милутиновиќ
Новогодишната атмосфера во градот во период пред Нова Година е секогаш „на ниво“. Препознатлив како град кој секогаш нуди добра забава, ќе имате можност да уживате на дневните журки во локалните кафулиња или во традиционалните Божиќно – новогодишни концерти на класична музика.
фото: Александар Милутиновиќ
Прославата на 31 декември ќе се случува на „Подграђе Петроварадин“ (стариот дел на Петроварадинската тврдина), а планиран е дочек и за 13 јануари ширум целиот град.
фото: Александар Милутиновиќ
Топло ви препорачуваме да преноќите неколку вечери во слободните празнични денови и посетете ги прочуените чарди, салаши и винариите од Новосадскиот вински пат.
фото: Александар Милутиновиќ
фото: Александар Милутиновиќ
Има ли нешто попријатно од убаво друштво, камин, топла атмосфера, вкусна храна проследена со музиката на тамбурашите?
Уживајте и во пешачење, санкање и скијање на падините на Фрушка гора. Вљубениците во „hiking“, „trail“ трчање и нордиско одење можат да се приклучат и на овогодинешната „Winter Trail Race“.
фото: Александар Милутиновиќ
Ве убедивме? Кажете „ДА“ за спомени кои траат!
фото: Александар Милутиновиќ
фото: Александар Милутиновиќ
фото: Александар Милутиновиќ