Одбележан Светскиот ден на квалитет: Бимилк отворено пред потрошувачите за врвниот квалитет на производите
- Детали
- четврток, 16 ноември 2023
Традицијата на одбележување на Светскиот ден на квалитет и оваа година беше продолжена од страна на Бимилк преку организирање „отворен ден“, односно отворање на вратите на својата фабрика за верните потрошувачи, студенти и за сите заинтересирани граѓани.
Големиот број посетители кои ја посетија фабриката, имаа можност одблизу и директно од врвните професионалци да се запознаат со процесот на производство на млекото и млечните производи од широкото портфолио на Бимилк. Истовремено, тие имаа можност да се едуцираат за меѓународните стандарди за квалитет што Бимилк секојдневно ги применува во своето работење, со цел да се одржи довербата кај потрошувачите и приматот на најголем млекопроизводител на македонскиот пазар.
„Бимилк како компанија е транспарента и ние постојано иницираме процеси за двонасочна комуникација со нашите потрошувачи. Како одговорен чинител на пазарот имаме обврска да објасниме, да одговориме на сите прашања на потрошувачите, а лидерската позиција нѐ обврзува на континуирана примена на строги критериуми за квалитет и стандардизација на квалитативните вредности на повисоко ниво. Всушност квалитетот на нашите производи ја изгради нераскинливата врска со потрошувачите. Токму за таа доверба и додадена вредност се организираат и овие отворени денови, со цел преку директно запознавање со целиот процес на производство, да се информираат и едуцираат потрошувачите што придонесува за квалитетот на производите, како да го препознаат вистинскиот квалитет на домашните производи и секогаш да го избираат најквалитетното“, истакна Александра Гроздановска, менаџер за контрола на квалитет и животна средина во Бимилк.
„Можноста да се следи процесот на производство на портфолиото на Битолска млекара е шанса да се учи од најдобрите. Процесите и стандардите за кои учиме овде гледаме како се применети и најважно гледаме каков е нивниот ефект врз крајниот производ. Посебно е корисно од наш аспект затоа што овој процес опфаќа повеќе фази, од прием на млеко, транспорт, лабораториски испитувања, контрола, пакување и дистрибуција, и во сите овие етапи следењето на стандардите е клучно за квалитетот на крајниот производ“, истакна Александра Гроздановска, студент во втор циклус на студии на Биотехничкиот факултет.
Отворениот ден се организира традиционално секоја година, на Светскиот ден на квалитетот, а целта е преку презентирање на напредните процеси за квалитет, применети во Бимилк да се информираат и едуцираат потрошувачите како да го препознаат вистинскиот квалитет на домашните производи.