Cafe De Anatolia: Светски позната продуцентска и издавачка куќа потекнува од Македонија
- Детали
- понеделник, 13 ноември 2023
Кафе Де Анатолија (Cafe De Anatolia) македонска продуцентска и издавачка која продуцира, издава и промовира organic house, chill out, afro house, deep house музика.
Основана како компанија во 2017 од страна на Моника Илиева, Никола Илиев (Nickarth a.k.a Rialians On Earth) и Зоран Илиев (Billy Esteban).
Како концепт/проект постои уште од 2009 година и поради тоа е прогласена за една од основачите на новиот жанр "Organic House", "Oriental Deep House", “Ethno House” на светската музичка сцена од страна на многу светски списанија и организации, кои жанрови по иницијатива на Cafe De Anatolia се додадени како посебни категории во светските продавници како Beatport, Spotify и Apple Music.
Во текот на само 6 години постоење, брендот Cafe De Anatolia се разви во водечка продукциска куќа во овој жанр, која менаџира повеќе од 4,000 артисти-диџеји од целиот свет кои настапуваат секојдневно во различни држави како: Емиратите, Катар, САД, Романија, Италија, Русија, Холандија, Турција, Франција и многу други., и располага со најголем ексклузивен лиценциран музички каталог во жанрот "Organic House" на светско ниво со над 6000 музички композиции.
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:
- Cafe De Anatolia е најнаградувана музичка издавачка и продукциска куќа во историјата на YouTube, со 31 Youtube Creator Awards, вклучувајќи 3 Златни Youtube Creator Awards (за над 1,000,000 претплатници) и 28 Сребрени Youtube Creator Awards (за над 100,000 претплатници ).
- Прогласена е за најдобра музичка издавачка куќа во жанрот "Organic House" во 2022/23 година од многу списанија.
- Соосновачите, Никола Илиев и Моника Илиева, се дел од Forbes Business Council по добиената ексклузивна покана од Forbes, организацијата за најуспешни млади претприемачи и бизнис лидери од целиот свет, за 2022/23 година. Oваа година присуствуваа на Forbes Under 30 и Forbes 30/50 Самитите каде ја преставуваа Cafe De Anatolia и имаа шанса да се запознаат со работата и животот на Kendall Jenner, Hillary Clinton, Machine Gun Kelly, Bad Bunny, Jessica Alba и многу други.
СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ:
- Има повеќе од 20 милиони следбеници/претплатници на сите социјални медиуми на Cafe De Anatolia, Desert Rose, Melodic, AODION, CDA Records, Camel и други подбрендови на Cafe De Anatolia и глобален достиг повеќе од 4 милијарди кликови/ прегледи.
СОРАБОТКИ:
- Cafe De Anatolia соработува секојдневно со глобални брендови како: Forbes, Giorgio Armani, Radisson Blu Hotels, Four Seasons, GoTurkiye, Halk Bank, W Hotels, Buddha Bar.
- Forbes, Billboard, Entrepreneur, Gulf News, Gothic Magazine, Influencive, Magnetic Magazine, The Jerusalem Post, EDM, Dancing Astronaut, CULTR, CDA Mag и многи други публикации имаат пишувано за растечкиот бренд на Cafe De Anatolia.
- Cafe De Anatolia е првиот македонски бренд што беше промовиран во Њујорк, САД, во центарот на Times Square.