Грижа за кожата: никогаш не е рано да се создаде рутина за нега на младата кожа

Рутината, раниот и ефикасен третман, штити од трајни последици. Започнување на рутина за нега на кожата на млада возраст може да има значителни придобивки за долгорочното здравје и изгледот на кожата.

grizha-za-kozhata-nikogash-ne-e-rano-da-se-sozdade-rutina-za-nega-na-mladata-kozha-01.jpg

Акните можат да бидат фрустрирачко и болно искуство, особено за младите луѓе. Приближно 80% од сите луѓе на возраст меѓу 11 и 30 години страдаат од акни, т.е. комедони, папули, пустули, понекогаш дури и цисти. Како резултат на тоа нивната кожа изгледа нечисто и е со воспалителни промени. Тоа е така бидејќи хормоните поттикнуваат зголемено производство на себум.

Добрата вест е дека со правилна рутина за нега на кожата, можно е да се спречи појавата на акни и други проблеми со кожата.

Искуствата и сведоштвата потврдуваат дека со акните најдобро се справува новата колекција на Еуцерин наречена Dermo PureТаа се темели на 100-годишно истражување и медицинска нега на кожата. Почнувате наутро со гелот за измивање на лицето, потоа нанесувате серум, и на крај флуид крема со заштитен фактор.

Пред легнување секако го чистите лицето со Eucerin Dermo Pure Toner. За истакнување е новиот Eucerin Dermo Pure гел за чистење кој е збогатен со 2% антибактериска салицилна киселина, кој делува ефикасно, ги отвора порите и ја ексфолира кожата, посебно погодно за масна кожа склона кон акни.  Оваа нежна, но моќна колекција е вистинското нешто во борбата против акните.

grizha-za-kozhata-nikogash-ne-e-rano-da-se-sozdade-rutina-za-nega-na-mladata-kozha-03.png

Овие низа производи се специјално формулирани за справување со главните причини и грижи за кожата склона кон акни и флеки. Воспоставување здрави навики и рутина за нега на кожата, ќе им помогне на младите луѓе да не се соочуваат со проблеми во годините што доаѓаат.

Една од клучните состојки во колекцијата Eucerin DERMOPURE е Licochalcone A што има високо ефикасно антиифламаторно дејство што ги смирува иритациите и помага да се намалат воспалителните процеси. Колекцијата вклучува и салицилна киселина, состојка која со нејзиното ексфолирачко дејство ги намалува комедоните, ги намалува флеките и превенира нивно појавување. Тиамидолот пак е патентирана состојка што докажано ги намалува и го спречува појавувањето на темните дамки.

Со користење на низа производи специјално дизајнирани за нивниот тип кожа, младите луѓе можат да воспостават дневна рутина за нега на кожата. Користењето на проверени производи, редовно, темелно и соодветно ќе допринесе за превенција од несакани појави на кожата.

grizha-za-kozhata-nikogash-ne-e-rano-da-se-sozdade-rutina-za-nega-na-mladata-kozha-04.jpg

Покрај употребата на производи младите луѓе треба да внимаваат и на начинот на живот, хигиената, здравата исхрана бидејќи тоа исто така влијае на здравјето на кожата. Исто така кожата треба да се заштити од сонце, да се избегнува допирање на лицето со рацете и да се пие доволно вода за кожата да биде хидрирана.

Eucerin® Dermo Pure Skin Регенеративна нега

Eucerin® Dermo Pure Матирачки флуид

Eucerin® Dermo Pure Стик-коректор за кожа склона кон акни

Eucerin® Dermo Pure Интензивен смирувачки крем за кожа склона кон акни

Eucerin® Dermo Pure Гел за миење за масна кожа

Eucerin® Dermo Pure Тоник за масна кожа

Eucerin® Dermo Pure Пилинг за кожа склона кон акни

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg