Заедно сме посилни – Mozzart донираше апарат за рано детектирање на мултипла склероза на Клиниката за Неврологија

Големата кампања за поддршка на здравствените установи продолжува, а благодарност доаѓа и од Министерството за здравство.

zaedno-sme-posilni-mozzart-donirase-aparat-za-rano-detektiranje-na-multipla-skleroza-na-klinikata-za-nevrologija-01.jpg

Компанијата Mozzart донираше нов апарат за рано детектирање на мултипла склероза, а на предавањето на донацијата присуствуваше и министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.

Благодарност до компанијата Mozzart. Овој апарат е од големо значење за нас и пред се за пациентите кои се соочуваат со оваа болест. Се надеваме и би сакале оваа соработка да продолжи и натаму”, изјави министерот за здравство д-р Фатмир Меџити

zaedno-sme-posilni-mozzart-donirase-aparat-za-rano-detektiranje-na-multipla-skleroza-na-klinikata-za-nevrologija-02.jpg

И директорот на Клиниката за неврологија, д-р Висар Мифтари изрази голема благодарност до Mozzart.

Колку е потребен овој апарат за клиниката, а најмногу за луѓето кои се борат со оваа болест, објасни претседателката на Здружението за помош и поддршка на лицата со МС, Ана Карајанова Димитрушева.

zaedno-sme-posilni-mozzart-donirase-aparat-za-rano-detektiranje-na-multipla-skleroza-na-klinikata-za-nevrologija-03.jpg

„Посебна гордост на Националното здружение за МС претставува што сме иницијатори за обезбедување на апарат за електрофореза кој се користи за анализа на церебралноспинален ликвор, односно одредување на имунолошката активност кај пациенти кои се дијагностицираат со мултипла склероза. Огромна благодарност на компанијата Mozzart, која како општествено одговорна компанија излезе во пресрет на барањето на Националното здружение за МС и донираше сериозна сума средства за овој апарат за електрофореза”, изјави претседателката на Здружение за помош и поддршка на лица со МС, Ана Карајанова Димитрушева

zaedno-sme-posilni-mozzart-donirase-aparat-za-rano-detektiranje-na-multipla-skleroza-na-klinikata-za-nevrologija-04.jpg

Лидерот во приредување игри на среќа, до сега има реализирано разни донации во голем број клиники во Македонија. Помошта и поддршката во здравството ќе продолжи и понатаму.

zaedno-sme-posilni-mozzart-donirase-aparat-za-rano-detektiranje-na-multipla-skleroza-na-klinikata-za-nevrologija-05.jpg

Кога ќе видите насмеани и благодарни лица, разултатот кој сте го постигнале, е тогаш сфаќате колку е убаво да се биде хуман и да се помага. Mozzart е компанија која е веќе добро позната по својата општествена одговорност, по големиот број донации и спонзорства кои ги има реализирано. Овојпат под мотото заедно сме посилни, во соработка со здружението за помош и поддршка на лица со МС успеавме да го донесеме апаратот за рано детектирање на мултипла склероза на Клиниката за неврологија. За нас преставува огромна чест и задоволство што имавме можност да помогнеме пред се на лицата кои се соочуваат со оваа болест”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од  Mozzart

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg