Халкбанк ја воведе можноста за ажурирање на личните податоци преку мобилен телефон, со користење на апликацијата OneID

Ажурирањето на личните податоци како обврска која мора да се направи на секои две години, или порано, во случај да постои промена во податоците или при обновен документ за лична идентификација, клиентите на Халканк АД Скопје сега веќе може да ја исполнат и без посета на филијала на банката.

halkbank-ja-vovede-moznosta-za-azuriranje-na-licnite-podatoci-preku-mobilen-telefon-so-koristenje-na-aplikacijata-oneid-01.png

Банката, меѓу првите на пазарот им овозможи на клиентите ажурирањето да го извршат електронски, од својот мобилен телефон преку апликацијата OneID.

Во духот на денешните дигитални трендови и како банка која е лидер во креирањето и понудата на услуги базирани на новите технологии, Халкбанк од неодамна ја воведе новата функционалност  - електронско ажурирање на податоците. Истото се прави преку симнување на апликацијата за електронска идентификација и дигитално потпишување OneID од  AppStore, Play Store или App Gallery. Со нејзино симнување на паметниот телефон, самата апликација ве насочува кон следните чекори што треба да се направат. Односно, треба да се изврши регистрација со внесување име, презиме, e-mail адреса и лозинка со што се активира вашиот OneID.

Следни чекори доколку сте корисник на iOS мобилен уред ќе бидат: Пристапување во делот Поставки (Settings) > Face ID & Passcode/Touch ID & Passcode и внесување отпечатокот од прстот или следење на насоките за идентификација на лице, како белези за  потврдување на потеклото и интегритетот на податоци преку кои што може да се утврди вашиот идентитет, во зависност од опциите што ги поддржува вашиот уред.

Доколку сте корисник на Android мобилен уред: Пристапете во делот Поставки (Settings) > Biometrics & Security и во делот Fingerprints додадете го својот отпечаток од прст како начин на автентикација на мобилниот уред.

Потоа, за да извршите ажурирање на податоците треба да се најавите со OneID на https://portal.halkbank.mk. Со потврдувањето на условите, следен чекор е аплицирање, со што е завршено ажурирањето на вашите податоци брзо и едноставно.

Инаку, од креирањето на OneID сертификат, кој важи две години, во иднина секој може да има повеќекратна корист бидејќи истиот ќе служи како дигитален потпис при најразлични услуги и услови и истиот ќе биде достапен во секое време 24/7. Наскоро дигитално ќе се потпишуваат барања и договори за различни производи на банката без посета на шалтер.

Но исто така OneID ќе биде средство за електронска идентификација и електронско потпишување пред најразлични компании кои нудат услуги. Нејзин креатор се клириншката куќа КИБС, како дел од платниот систем на земјата, и компанијата Некстсенс. Услугата е изработена и сертифицирана согласно европските стандарди и европската регулатива и согласно македонскиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. OneID е дел од официјалните квалификувани шеми за електронска идентификација на Министерството за информатичко општество и администрација и обезбедува високо ниво на доверливост.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg