Јацек Олцак генерален менаџер на Филип Морис Интернешнл: Скептицизмот е секогаш присутен во иновациите, но веруваме во иднина без чад 

skepticizmot-e-sekogas-prisuten-vo-inovaciite-no-veruvame-vo-idnina-bez-chad-05.jpeg

Една трансформација на тутунска компанија прикажана преку примерот на Филип Морис Интернешнeл ја покажува силата на визијата на една компанија да ја менува реалноста. Ако пред 20 години беше невозможно да се замисли свет без цигари, сега оваа реалност започнува да биде дел од нашето секојдневие. Визијата да се креира свет без чад преку алтернативни тутунски производи се покажа реална и изводлива. Кога голема компанија започнува ваков тип на трансформација се отвораат прашања и дилеми: што е вистина, дали навистина ПМИ се трансформира, дали е се ПР трик или станува збор за вистинска трансформација што ќе донесе подобра иднина? Одговор на овие прашања даде генералниот менаџер на ПМИ, Јацел Олцак на конференцијата Technovation одржана во Нојшател, во седиштето на развојот на нови производи на компанијата. 

Јацек објасни како целата трансформација на ПМИ започнува пред неколку децении кога компанијата се насочува кон создавање на производи што ќе бидат подобра алтернатива од цигарите. Како што самиот потенцираше „никој не веруваше дека ќе се случат промени, кои се случуваат и тоа побрзо од очекуваното“. Светот се менува, а со тоа и компаниите ги менуваат своите стратегии. Визијата на ПМИ да има свет без чад станува реалност, а со тоа ќе се намалат драстично негативните ефекти од пушењето цигари. 

skepticizmot-e-sekogas-prisuten-vo-inovaciite-no-veruvame-vo-idnina-bez-chad-02.jpeg

„На почетокот на оваа операција, започнување на целиот процес имавме проблеми да најдеме научници да работат за нас. Замислете тутунска индустрија и наука. Нешто незамисливо во минатото. Научниците треба да веруваат во тоа што го работат, да веруваат во нас, во нашата визија за менување на навиките и дека навистина сакаме свет без чад. Колку сме успешни и искрени во таа наша мисија за која сега се бориме покажува податокот дека со нас сега се 1500 експерти кои работат на создавање на оваа визија. Јасно ни е на сите дека ниедна иновација не поминува без сомнеж. И нормално да се сомневаат сите во нечија намера да смени нешто. И не луѓето бурно реагираме на промени или на иновации, се плашиме од нив или не веруваме во нечии намери. Но иновациите се случуваат и за секоја промена треба време “, вели Олцак за патот кој го помина компанијата ПМИ во трансформацијата.

Извршниот директор на Филип Морис е сигурен дека производите без чад ќе ги заменат цигарите.

„Замислете во светот има една милијарда на луѓе кои се пушачи. Нашата филозофија ако не пушиш, не почнувај да пушиш, а ако пушиш откажи се, а ако не можеш премини на подобри алтернативи важи за овие луѓе. Тие да се откажат треба да имаат добри аргументи, да имате добар производ што ќе го убеди корисникот дека е подобра алтернатива од цигарите. А тоа ќе го докажете само со научни докази. Поради тоа вложуваме многу во овој сегмент. Секој верува на докази и тоа е единствениот пат за да се прошири оваа мисија. Потрошени се милијарди евра во создавањето на оваа визија. И кога ни велат дека е ПР трик, прашувам отворено кој сака да вложи 10.5 милијарди долари во нова технологија само за ПР трик. Знаеме дека ПР е скап, ама не е милијарди евра“, додава Олцак. 

Според него, фокусот на доказите од науката ќе успеат да ги убедат пушачите да се префрлат на подобрите алтернативи, но во тоа треба да помогнат и владите кои ќе создадат регулативи за да бидат достапни овие производи. 

skepticizmot-e-sekogas-prisuten-vo-inovaciite-no-veruvame-vo-idnina-bez-chad-03.jpeg

Знаеме дека цигарите се штетни, додава Олцак, но нема земја во светот каде се забранети. „Имаме производ што е далеку подобра алтернатива од нив, тој треба да биде достапен за сите пушачи бидејќи 95% е помалку штетен од цигарите. Ние даваме избор, даваме подобар производ од цигарите. Ние сме решени во оваа наша мисија во создавање на свет без чад и знаеме дека ќе успееме во тоа“, е пораката на генералниот менаџер на Филип Морис Интернешнeл.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg