Одржлива иднина за подобра иднина – Рециклирај го твојот е-отпад и биди дел од мисијата за здрава животна средина

Рециклирањето е многу важен дел од борбата за зачувување на животната средина и претставува начин да ја оставиме Земјата во подобра состојба од онаа во која се наоѓа во моментот.

odrzhliva-idnina-za-podobra-idnina-recikliraj-go-tvojot-e-otpad-i-bidi-del-od-misijata-za-zdrava-zhivotna-sredina-01.jpg

Екон Електрон замислува иднина каде електронските уреди ќе се рециклираат и пренаменуваат, не оставајќи никаков е-отпад зад себе. Тие ги поддржуваат највисоките стандарди за етичко и еколошко отстранување на е-отпадот и континуирано иновираат во методите за рециклирање за да го намалат влијанието врз животната средина.

Како што постојано расте количината на е-отпад, расте и оваа индустрија, која денес создава стотици илјади работни места низ светот со рециклирање на електрониката што повеќе не ја употребуваме.

Со правилно ослободување од старите уреди и апарати, давате свој придонес за зачувување на животната средина и намалување на електронскиот отпад. Дополнително, создавате простор за нова и иновативна технологија. Екон Електрон посветено работи кон целта да создадеме заеднички свет  е-отпад.

Сѐ може да се рециклира, но претходно најважно е да се селектира. Компанијата Екон Електрон неодамна започна со кампања преку која информира за начинот на кој можете да го рециклирате електронскиот и електричниот отпад. 

Едноставни чекори за големи придобивки!

За бесплатно превземање директно од вашата локација на габаритниот електронски и електричен отпад, како ТВ, фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството од вашата локација, потребно е само да го пополните онлајн формуларот на веб страната на Екон Електрон. Тимот на Екон Електрон ќе ве исконтактира и потоа ќе дојде на вашата локација да го превземе вашиот стар е-отпад.

Иста така, на нивната веб страна може да се информирате како тече целиот циклус на рециклирање на овој тип на отпад, како и да се информирате каде може да ги најдете собирните места за мали апарати и уреди. 

Затоа, ајде да покажеме малку љубов кон нашата планета и одговорно да ги рециклираме старите електрични и електронски уреди!

Приклучете се и вие, селектирајте го електричниот и електронскиот отпад со Екон Електрон. На тој начин го заштитуваме своето здравје, здравјето на другите, а добиваме почиста околина и помало загадување!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg