Владимир Четкар: Зошто снегот брзо се топи во Охрид? Скапа му е киријата
- Детали
- среда, 08 ноември 2023
Во новата сезона на „Нешто конкретно“, новопечетниот татко, а и сопруг, Роберт Спасенцовски - Џокер на прашањето дали би одбрал лоша песна одобрена од сопругата или родителите кои не ја одобруваат песната, со тешко срце застана на страната на сопругата Антониа Гиговска, извинувајќи им се на родителите за изборот.
Започна новата сезона на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, стартуваме во месецот на машкото здравје па затоа започнуваме со машко друштво.
Темата беше „Колку вредиш“, а нашите вредни пријатели Владимир Четкар, Гораст Цветковски, Агим Јонуз и Роберт Спасенцовски направија нашата прва емисија од третата сезона да се памети по многу позитивна енергија која се надеваме ја пренесовме и преку малите екрани до вас.
Дали вредиме колку што заработуваме или вредиме толку колку што другите трошат на нас? Дали сами си ја ставаме цената или другите ни ја креваат и спуштаат по потреба?
Владимир Четкар зборуваше за својот град Охрид, за тоа колку и дали неговите сограѓани ја ценат вредноста на тој град.
„Многу охриѓани би ги избркал од Охрид“ рече искрено и потсетувајќи се на времињата кои не се враќаат, „деца се правеа по кајчиња немаше тогаш пари за хотели, да не беа кајчињата наталитетот ќе ни паднеше“ се пошегува Четкар.
Новопечетниот татко, а и сопруг, Роберт Спасенцовски - Џокер на прашањето која страна би ја одбрал - лоша песна одобрена од сопругата или родителите кои не ја одобруваат песната, тој со тешко срце застана на страната на сопругата Антонија Гиговска притоа извинувајќи им се на родителите за изборот.
Агим Јонуз сезоната ја започна со гатанката: Цевка има топ не е, брада има топ не е? Што е? Одговорот дознајте го во емисијата што целосно можете да ја погледнете на YouTube.
А одговорниот за позитивната енергија и постојаното смеење на сите во студиото продолжи да се шегува, па на Четкар му рече: „Знаете ли зошто Албанците се најсреќни, затоа што имаат Охридско езеро, а немаат охриѓани“.
Актерот Гораст Цветковски му призна на Четкар дека нема проблем што жена му го слуша него, има проблем што постојано е гол.
„Со тие мокри коси гол во езерото како после јас да излезам гол“ се пошегува тој.