Ист Гејт Мол слави втор роденден
- Детали
- петок, 03 ноември 2023
Скопје, 3.11.2023 Овој викенд, на 4 и 5 ноември, Ист Гејт Мол го прославува својот втор роденден. Роденденската забава овој пат е поинаква и тематска, со многу забава и изненадувања.
“Како трговски центар се стремиме да создаваме уникатни искуство, како за шопинг, така и за забава. Бидејќи во градот многу оддамна немало циркус, младите речиси и да не ги сретнале циркуските платна во центарот на градот. Затоа, решивме да рекреираме таков тип на настан и да направиме забава со циркус. Забавата ќе биде проследена со кловнови, жонглери, џинови на штули, шоу со оган, гатачка, ареал акробати, дружење со мали животни и многу други активности проследени со пуканки и шеќерна волна. Во текот на викендот, забавата започнува од 14 часот и ќе трае до 20 часот. За викендот, за сите посетители паркингот ќе биде бесплатен.” – велат од менаџментот на трговскиот центар.
По две години откако се отворија вратите за посетителите, трговскиот центар прерасна во центар за урбана шопинг дестинација, забава за секого со голем број на посетители од државата, но и странство.
Оваа година, Ист Гејт Мол стана првиот трговскиот центар во државата кој ги отвори и вратите за милениците како прв пет френдли трговски центар.
Изминатата година се случија многу настани, вклучително и настани на интернационални франшизи, европско првенство во танц, спортски настани и многу други.