Халкбанк продолжува со предвремена исплата на пензиите, октомвриските пензии веќе се на сметките на сите што ги добиваат преку банката

Халкбанк денеска изврши исплата на октомвриските пензии на сите пензионери кои добиваат пензии преку банката. Иако од минатиот месец банките престанаа со предвремена исплата на пензии, што беше пракса во претходните години, Халкбанк продолжи на своите клиенти да им ја исплаќа пензијата порано.

halkbank-prodolzhuva-so-predvremena-isplata-na-penziite-oktomvriskite-penzii-vekje-se-na-smetkite-na-site-shto-gi-dobivaat-preku-bankata-01.jpg

Имено, Министерството за труд и социјална политика извести дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата. Односно, дека поради завршувањето на пандемијата, деловните банки ја прекинуваат досегашната пракса за предвремена исплата на пензиите и дека истите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата.

Сепак Халкбанк, во интерес на своите клиенти продолжи со праксата за предвремена исплата на пензиите. Пензионерите кои добиваат пензија преку Халкбак АД Скопје веќе денес можат да располаат со своите средства во продажната мрежа или да ги подигнат на банкоматите.

Истовремено, со оглед дека денеска е Светски ден на штедењето, Халкбанк ги повикува пензионерите да ги искористат одличните услови за штедење кои се понудени во месецот на штедење и дел од средствата од својата пензија да ги заштедат со депозитните производи на Халкбанк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg