Со иновативната Еуцерин Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30 ќе заборавите на бледата и уморна кожа!

Новиот Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30 ги обедини на едно место докторите фармацевтите и новинарите. Настанот се случи во Скопје, во понеделникот во хотелот Double Three by Hilton во една неформална конструктивна и едукативна атмосфера каде што присутните ги споија своите искуства и знаења за да се поттикне поголемо унапредување на здравствената заштита на кожата.

so-inovativnata-eucerin-hyaluron-filler-elasticity-day-rose-spf30-ke-zaboravite-na-bledata-i-umorna-koza-03.jpg

Поводот послужи како платформа за професионалците да разговараат и да дознаат повеќе за значењето на медицинската грижа за кожата, со посебен фокус на иновативната крема Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30.

so-inovativnata-eucerin-hyaluron-filler-elasticity-day-rose-spf30-ke-zaboravite-na-bledata-i-umorna-koza-12.jpg

Медицинските професионалци присутни на настанот ја истакнаа критичната улога на негата на кожата во целокупната благосостојба на здравјето на луѓето и борбата против различни кожни состојби. Присутните фармацевти изразија интерес за иновативните карактеристики на новата крема Elasticity Day Rosé, препознавајќи ги потенцијалните придобивки што ги нуди за нивните клиенти.

so-inovativnata-eucerin-hyaluron-filler-elasticity-day-rose-spf30-ke-zaboravite-na-bledata-i-umorna-koza-01.jpg

Кремата е специјално формулирана за намалување на напредните знаци на стареење. Производот има патентиран Thiamidol и ја намалува појавата на старечки дамки. По нанесувањето, формулата дава многу нежна розеникава боја за да се спротивстави на бледата и уморна кожа, што е придружен знак дека кожата старее, особено видлив знак наутро.  

so-inovativnata-eucerin-hyaluron-filler-elasticity-day-rose-spf30-ke-zaboravite-na-bledata-i-umorna-koza-10.jpg

Дневната крема дава моментален сјај на бледата кожа со тоа што се додава розеникава пребоеност, покрај тоа делува веднаш на пополнување на брчките бидејќи комплексот колаген-еластин ја подобрува еластичноста на кожата” – изјави дерматологот, доктор Соња Петрушеска, медициснки претставник на Еуцерин во Македонија.

so-inovativnata-eucerin-hyaluron-filler-elasticity-day-rose-spf30-ke-zaboravite-na-bledata-i-umorna-koza-04.jpg

Новинарите што присуствуваа на настанот забележаа уникатна и едукативна атмосфера и живо се вклучија во дискусиите за улогата на медицинската нега на кожата при што имаа увид во ефикасноста на производот директно од медицинските професионалци и фармацевти.

so-inovativnata-eucerin-hyaluron-filler-elasticity-day-rose-spf30-ke-zaboravite-na-bledata-i-umorna-koza-05.jpg

Овој собир ја покажува посветеноста на стручната фела и има за цел да се подигне свеста за здравјето на кожата и медицинските препарати што се користат. Настанот ги инспирираше сите присутни и се поттикна меѓусебна соработка така што се актуелизираше една специфична и по многу нешта револуционерна нега на кожата.

so-inovativnata-eucerin-hyaluron-filler-elasticity-day-rose-spf30-ke-zaboravite-na-bledata-i-umorna-koza-06.jpg

so-inovativnata-eucerin-hyaluron-filler-elasticity-day-rose-spf30-ke-zaboravite-na-bledata-i-umorna-koza-08.jpg

so-inovativnata-eucerin-hyaluron-filler-elasticity-day-rose-spf30-ke-zaboravite-na-bledata-i-umorna-koza-11.jpg

so-inovativnata-eucerin-hyaluron-filler-elasticity-day-rose-spf30-ke-zaboravite-na-bledata-i-umorna-koza-14.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg