Интервју со Стефан Ковачевиќ, глобален лидер за е-трговија во Нестле: Како Нестле ја употребува „генеративната вештачка интелигенција“ за забрзана дигитална трансформација на е-трговијата

СКОПЈЕ, 30.10.2023: Со помалку од две недели до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 14 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со клучни говори, панел дискусии и неформални разговори за интеграцијата на вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во областа на е-трговијата.

intervju-so-stefan-kovachevikj-globalen-lider-za-e-trgovija-vo-nestle-kako-nestle-ja-upotrebuva-generativnata-veshtachka-inteligencija-za-zabrzana-digitalna-transformacija-na-e-trgovijata--001.jpg

Учесниците ќе имаат ексклузивната можност да научат од интернационалните и домашните индустриски пионери и лидери кои ефективно ја искористиле вештачката интелигенција за да ја забрзаат својата успешност во онлајн трговијата.

Една од најочекуваните сесии е таа на тема „Трка за иновации и технологија: Како да се искористат вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во е-трговија". Оваа сесија ги истражува иновациите и напредокот во областа на е-трговијата, вклучувајќи ја презентацијата на Стефан Ковачевиќ, глобален лидер за е-трговија во „Нестле“.

Во ексклузивно интервју за crnobelo.com, Стефан ги открива деталите за неговата презентација и начините како Нестле („Nestlé“) ја користи вештачката интелигенција во своите бизнис процеси.

Како експерт за иновации, вашата презентација на тема „Трка за иновации - Генеративна вештачка интелигенција  - Дали да ја направите сами, да ја купите или да соработувате со некого?“ е една од оние кои публиката со нетрпение ги очекува. Може ли да ни дадете краток увид во стратегиите и размислувањата што ги истражува Nestlé во врска со интеграцијата на вештачката интелигенција и како тие ќе се претстават за време на вашата презентација на конференцијата?

Мило ми е што слушам дека публиката е возбудена за мојата презентација! Нестле долго време ја користи вештачка интелигенција, особено машинското учење, за да обезбеди напредна аналитика и увид во податоците. Ќе истакнам неколку од овие примери на конференцијата, но мојот фокус ќе биде на неодамнешното појавување на генеративната вештачка интелегенција - (анг. GenAI): ова е подгрупа на вештачка интелигенција која се фокусира на создавање модели за машинско учење способни да генерираат нова содржина, вклучувајќи слики и текст - целосно автономно. Ова навистина е возбудливо бидејќи можеме да го искористиме насекаде, од креативни идеи до автоматизација на бизнисот.

intervju-so-stefan-kovachevikj-globalen-lider-za-e-trgovija-vo-nestle-kako-nestle-ja-upotrebuva-generativnata-veshtachka-inteligencija-za-zabrzana-digitalna-transformacija-na-e-trgovijata-03.png

Како Нестле ја сфаќа улогата на вештачката интелигенција и нејзиното потенцијално влијание врз индустријата за е-трговија, и какви тековни трендови или препораки ќе споделите на конференцијата за бизнисите да можат да се движат низ оваа трка за иновации?

Да бидам искрен, ова е многу непозната област и има многу ризици! Но, раната употреба покажа дека вештачката интелигенција ќе ни овозможи да правиме работи што не сме можеле да ги правиме порано, со брзини што претходно не можевме да ги постигнеме. Технологијата е овозможувач, но приоритет секогаш треба да биде да се идентификува што се обидуваме да постигнеме во однос на нашата бизнис стратегија, оперативниот модел и случаите каде истата може да се употреби. Неодамнешната работилница што ја спроведовме на глобално ниво откри потенцијал од 60 случаи на употреба на генеративната вештачка интелигенција, специфични за е-трговијата во управување со клиентите и партнерите, синџирите на снабдување, дигиталните полици и медиумите. На конференцијата, ќе дадам увид за тоа како тимовите што разгледуваат слични случаи на употреба можат да почнат да им даваат приоритет на некои од нив врз основа на вредноста што ја даваат.

Во контекст на вашата презентација, како Нестле ги оценува опциите дали да изгради, купи или соработува со вештачката интелигенција и кои фактори се водечки за овие одлуки, како што всушност ќе дискутирате на претстојниот говор на конференцијата?

Денес, резултатот од генеративната вештачка интелигенција може да покрене прашања околу интелектуалната сопственост, предрасудите и неточностите итн. Поради ова, треба внимателно да размислиме доколку ќе ја користиме на одредени решенија и дали таквата интеграција ќе ја „изградиме“ или купиме, односно соработуваме или партнеруваме. Градењето ни овозможува да играме во рамките на безбедносните заштитни огради што ги поставивме (но, понекогаш по цена на брзината на пазарот и инвестициите), додека купувањето или партнерството може да ја забрза интеграцијата (по жртва на прилагодувањето). Ова се дел од факторите кои ќе бидат опфатени на конференцијата.

intervju-so-stefan-kovachevikj-globalen-lider-za-e-trgovija-vo-nestle-kako-nestle-ja-upotrebuva-generativnata-veshtachka-inteligencija-za-zabrzana-digitalna-transformacija-na-e-trgovijata-04.png

Можете ли да кратко да го објасните пристапот на Nestlé за инкорпорирање на вештачката интелигенција во стратегиите за дигитални полици, и како тоа се усогласува со сеопфатната тема на иновациите во вашата презентација на конференцијата?

Се чувствувам многу среќен што ја имам мојата работа бидејќи веќе има широк спектар на GenAI апликации применливи на Дигиталната полица на глобално ниво! GenAI е само уште една алатка што ќе ја користиме во тековните напори кон нашата дигитална трансформација. Новите технологии претставуваат можности за револуција во начинот на кој работиме и победуваме на интернет. Конкретно за Дигиталната полица, веќе има тони проекти за генерирање слики и текст кои би можеле да ги редефинираат улогите и одговорностите низ организацијата. Не можеме да го занемариме влијанието што ова може да го има врз тековните процеси и напорите што ќе треба да ги вложиме во градењето на способностите на луѓето за создавање конкурентна предност. Но, ова е убавината на тоа, повторно ни дава можност да иновираме!

intervju-so-stefan-kovachevikj-globalen-lider-za-e-trgovija-vo-nestle-kako-nestle-ja-upotrebuva-generativnata-veshtachka-inteligencija-za-zabrzana-digitalna-transformacija-na-e-trgovijata-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg