Mozzart во Детската клиника во Скопје ја продолжи кампањата за опремување на здравствени установи
- Детали
- петок, 20 октомври 2023
Да помогнеме секаде каде тоа е најпотребно – ова е мотото по кое се води лидерот во приредување игри на среќа.
Барање за помош стигна од Детската клиника во Скопје - стариот и дотраен мебел во одделението за цистична фиброза ја отежнува работата на персоналот.
Им недостигаше место каде ќе можат да ја чуваат документацијата и медицинските материјали, а компанијата Mozzart веднаш реагираше и ја продолжи големата кампања за опремување на здравствените установи токму на оваа клиника.
„Многу сме благодарни за оваа донација на компанијата Mozzart. Потребата од нов мебел беше навистина многу голема. Бидејќи немавме доволно финансисиси средства да го завршиме целосно реновирањето на Одделот за цистична фиброза, одлучивме да побараме помош од оваа општестевно одговорна компанија и навистина ни е драго што имаа слух за нашата молба до нив. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму ” изјави директорката на Клиниката за детски болести – Скопје, Стојка Фуштиќ
Сега одделението за цистична фиброза има еден целосно нов лик.
Стариот мебел е заменет со нов кој е изработен по мерка, а работата на персоналот е значително олеснета.
„ Најубаво нешто е кога ќе видите задоволни и благодарни лица. Токму таква беше сликата кога дојдовме на клиниката за детски болести. Не пречека директорката заедно со персоналот. Можам да кажам дека нам ни преставува вистинско задоволство кога помагаме и кога го гледаме резултатот од нашата помош. Соработката со клиниката за детски болести продолжува и понатаму”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Освен на на оваа клиника, Mozzart до сега има остварено голем број донации во здравствените установи во Македонија, како што е помош за обнова на педијатриско одделение во болницата во Гостивар, донација на лекови и медицински материјал во болницата во Штип, болнички инвентар за Здравствен дом Тетово за просториите за имунизација и итна помош, ЕКГ апарат за општа болница Битола и многу други.