Започна снимањето на долгометражниот игран филм “Диџеј Ахмет” по сценарио и режија на Георги М. Унковски, а во продукција на Синема Футура

zapocna-snimanjeto-na-dolgometrazniot-igran-firm-didzej-ahmet-01.jpeg

Филмот е драма со примеси на комедија за еден млад јурук од јуручките села во Македонија кој сонува да стане диџеј. Приказна за љубовта, пријателството и само откривањето на еден тинејџер, поставена на динамичка позадина во која се судруваат традиционалните вредности и модерното време.

Снимањето на филмот ќе се одвива во периодот од 15ти октомври до 22ри ноември 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето ќе се одвива и во Скопје.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ Дуда, снимател на тон Павел Јан. Монтажата ќе ја изработи Михал Раих.

Главните улоги во филмот ги играат Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се: Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу Синема Футура и Сектор филм од Македонија, Алтер Вижн и Аналог Вижн од Чешка, Бекрум продукција и Баш челик од Србија. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска, линиски продуцент Виктор Павловски.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.С. Македонија, Чешки филмски фонд, и Филмски центар Србија, како и од Паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

zapocna-snimanjeto-na-dolgometrazniot-igran-firm-didzej-ahmet-03.jpeg

zapocna-snimanjeto-na-dolgometrazniot-igran-firm-didzej-ahmet-04.jpeg

zapocna-snimanjeto-na-dolgometrazniot-igran-firm-didzej-ahmet-05.jpeg

zapocna-snimanjeto-na-dolgometrazniot-igran-firm-didzej-ahmet-06.jpeg

zapocna-snimanjeto-na-dolgometrazniot-igran-firm-didzej-ahmet-07.jpeg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg