БЕСПЛАТЕН Vibe on пакет за млади на Шпаркасе Банка

Скопје, 17.10.2023 - Младите се двигатели на општеството, креатори на општествената култура, лидери на утрешниот ден и економскиот мотор на денешницата. Шпаркасе Банка водена од нејзината корпоративна стратегија, силно се залага за поддршка на младите луѓе и инвестира во нивната иднина, просперитет  и финансиска стабилност.

besplaten-vibe-on-paket-za-mladi-na-sparkasse-banka-01.jpg

Шпаркасе Банка како доверлив финансиски партнер креираше пакет за млади насловен како „Vibe on“ кој е целосно бесплатен и специјално дизајниран за да ги задоволи потребите и преференциите на младите на возраст од 15 до 25 години.

Со новата кампања „Мој вајб на мој начин“ и „Vibe on“ пакетот за млади, Шпаркасе банка ја потврдува заложбата за инвестирање во младите – на денешната младина и е потребна финансиска слобода и енергичен начин на живот за да ги постигнат своите цели. Оваа кампања е уште една потврда за младите кои знаат што сакаат и го трансформираат општеството на свој начин.

Бесплатниот „Vibe on“ пакетот за млади е прилагоден да ги задоволи потребите на новите генерации и нивните уникатни аспирации. Пакетот е наменет за сите млади на возраст од 15 до 25 години, вклучува бесплатно месечно одржување на трансакциска сметка, бесплатна Visa дебитна картичка, бесплатно користење на С-Банка мобилна апликација и сите услуги кои се достапни преку апликацијата, односно плаќање, користење на услугата Плати на пријател и Подели сметка, како и 2 бесплатни подигнувања на готовина на АТМ од било кој АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе Банка).

Со оваа кампања, Шпаркасе Банка ги поттикнува и охрабрува младите да веруваат во иднината и да ги искористат можностите што ги очекуваат.

Аплицирај уште денес за БЕСПЛАТЕН „Vibe on“ пакет, уживај во придобивките и движи во ритамот на твојата нова „Vibe on“ картичка.

За животен стил на свој начин.

#ШпаркасеБанка #ВерувајВоИднината

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg