Зрачењето од компјутерот и статичноста како причини за главоболка - има решение
- Детали
- четврток, 19 октомври 2023
Состојката напроксен, која е во форма на натриумова сол придонесува Налгесин С брзо да се раствора и да намалува различни видови на болка. Лекот делува брзо и може да се купи во сите аптеки (без рецепт).
Седењето пред компјутер, статичното работно место честопати придонесуваат да се чувствуваме уморно, анксиозно и да имаме главоболка. Ако повеќе часови минуваме работејќи пред компјутер или пак не се движиме, многумина од нас ќе се пожалат и на болка во грбот или мускулна болка.
Овие состојби придонесуваат да ја загубиме енергијата и немаме волја да продолжиме со работните обврски или тековните дневни активности.
„Ме боли глава од екранов“, „Се укочив од седење“, „Морам да направам еден круг“... се само дел од фразите кои честопати ги слушаме во нашето работно опкружување.
Една од најчестите видови на главоболка е тензиската главоболка. Истата ни дава чувство на тежина и болката циркулира на двете страни од главата. Како најчести причини за појава на тензиската главоболка се наведуваат стресот и стресогените фактори, консумирањето на алкохол и пушењето цигари, лошото држење на телото, како и внесувањето на различни типови на храна.
Во случај да не Ви помогне одморот/масажата или пак консумацијата на течности, Налгесин С е лекот кој може да ја победи болката и да Ви обезбеди непречена реализација на планираните активности.
Налгесин С е лек кој на брз и ефикасен начин помага во справување со тензиската главоболка. Овој лек содржи напроксен (во форма на натриумова сол), кој брзо се раствора и ја намалува болката. Една од важните работи е што Налгесин С има долготрајно дејство и делува од 8 до 12 часа.
Овој лек исто така на успешен начин се справува и со болката во грбот и мускулната болка. Иако не секогаш правиме разлика при овие видови на болки, важно е да имаме континуирана физичка активност и барем еден час во денот да сме активни (пешачење, вежбање, спорт).
Налгесин С, делува и при менструална болка, болка во зглобовите, мигрена и забоболка, а е достапен во пакувања од 10 и 20 таблети и може да се купи во сите аптеки (без рецепт).
Повеќе информации: https://www.nalgesin.com/mk/nalgesin-s/