Голема награда „Бимас 2023“ за архитектот Сашко Иванов - Докажавме во која насока треба да се движи македонската архитектура

Познатиот архитект Сашко Иванов со тимот од проектантското биро Иванов Инженеринг се добитници на GRAD PRIX - голема награда на Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2023 за најдобро проектиран и реализиран објект – семејна куќа во Тасино Чешмиче.

golema-nagrada-bimas-2023-za-arhitektot-sashko-ivanov-dokazhavme-vo-koja-nasoka-treba-da-se-dvizhi-makedonskata-arhitektura-01_copy.jpg

„За 'големината' на значењето на наградата зборува и самиот состав на жири комисиите, кои беа составени од еминентните архитекти и професори од Архитектонски факултет Скопје. Тие имаа една комплексна задача, од мноштвото исклучителни трудови, преку процесот на селекција и наградување директно да ја покажат насоката во која треба да се движи современата македонска архитектура“, велат од проектантското биро Иванов Инженеринг.

На изложбата беа презентирани проекти и реализации за период од 2021-2023 година, традиционално Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ) го одржа ХI (21-то) биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023. Настанот се одржа на 29 септември 2023 во Музејот на современа уметност во Скопје се одржа затворање на БИМАС 2023 наградите ги додели  претседателот на ААМ, проф. д-р Мишко Ралев.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја отвори изложбата на Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2023 од 14 до 30 септември кога и се одржаа интегрално две изданија – 20-то, кое не се одржа во 2020 поради ковид пандемијата, и 21-то.

Право на учество во БИМАС 2023 имаа архитекти, македонски државјани, како физички и правни лица ‐ компании, кои учествуваат со дела на архитекти македонски државјани. Имаше учесници и странски компании и државјани, архитекти со соодветно образование, со дела проектирани и изведени на територијата на Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg