Започнува системот за наплата на паркинг во Ист Гејт Мол
- Детали
- сабота, 07 октомври 2023
Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар Ист Гејт Мол воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години откако се отвори трговскиот центар. Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари.

По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој започнат час. Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град.
Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата и тоа на следните локации:
- Ниво – 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата Крусел (југ) и Кар бокс (север);
- на Ниво – 1 излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците Нептун (југ) и 5Центар (север).
На паркоматите може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички.
Бесплатно паркирање до 3 часа ќе имаат сите купувачи на супермаркетот Тинекс со фискална сметка над 999 денари, фитнес центарот Palestra, пералната за коли Car Wash и авто центарот Motocentar со валидација на билетот во нивните продажни места.