Оригинален подарок од децата по повод 5 октомври - Светски ден на учителите
- Детали
- четврток, 05 октомври 2023
Воспитувачкиот и негувателскиот кадар во предучилишните установи сериозно влијаат и го детерминираат квалитетот во работата со децата. Од секогаш, па и денес, во услови кога модерно и напредно живееме, секако дека вработените кои се на овие две позиции мораат во континуитет да ги следат, учат, совладуваат и имплементираат во својата работа сите тие квалитети и новини.
Престојот на децата во градинките не значи само згрижување. На престојот на децата во градинките мора да се даде содржина, квалитет, едукација, воспитување, правилно формирање (моделирање) на личноста на детето, квалитети кои децата можат да ги добијат преку погоре споменатиот кадар. Секако дека нивната секојдневна работа е осмислена, планирана, насочена од стручниот кадар во установата, почнувајќи иницијално од педагогот, дефектологот, логопедот , педијатарот и др. кои добро познавајќи ги децата преку континуираната непосредна работа со нив, го избираат, предложуваат и осмислуваат најдоброто за работа со нив.
Праксата во приватната детска градинка Литл Ми е:
- најпрво да се почитуваат стандардите кои се пропишани за потребниот број на негуватели и воспитувачи на ниво на една воспитна група, а соодветно на тоа и бројот на деца согласно нивната возраст
- спроведување добра селекција при изборот на кадар кој се ангажира во установата и правење реално добра проценка на тоа која личност колку ќе може да одговори на постигнувањето на целите и задачите во работењето
- континуирана, секојдневна едукација, насочување, поттикнување, мотивирање на вработените во насока на успешна работа со децата индивидуално и групно, издигнување на нивото на комуникација со родителите кои секогаш треба да бидат добро и стручно информирани за денот и престојот на детето кој изминал, но и за најважно од сè постигнувањата, интересот на детето покажан кон реализираните игри и активности во денот
- создавање амбиент на добра, успешна и квалитетна тимска работа помеѓу воспитувачот и негувателот сè со цел градење еднакви авторитети пред и кон децата, влевање чувство на сигурност кај родителите кон нив и установата во смисла на тоа дека во сигурни раце е доверено нивното дете
- наметнување на потреба од континуирана самоедукација, користење на стручна и наменска терминологија во комуникацијата со родителите сè со цел постигнување на чувство на подготвеност дека никој така добро не може да ги издигне во очите на родителите како што самите за себе можат тоа да го сторат.
Улогата и значењето на воспитувачите и негувателите во работата со децата започнува уште во првиот момент кога детето зачекорува во градинката:
- тие најпрво, преку добрите инструменти кои самостојно ги има искреирано педагогот на градинката Литл Ми и пред да тргне детето во градинка, се запознаени со најважните карактеристики на новозапишаното дете
- на истата тема се разговара, се договара стратегија како да се пристапи и кон детето и кон семејството
- на нив се препушта натамошното креирање на динамиката на престој на детето се до конечно успешна адаптација
- кога децата се веќе адаптирани продолжуваат со имплементирање на планираните и креирани содржини за работа во кои активно учествуваат, ги предлагаат и на крајот спроведуваат
- секогаш навремено сигнализираат за забележани извесни промени кај детето од здравствен, развоен или емоционален аспект.
Воспитувачите и негувателите заедно со стручната служба во градинката се носечка дејност. Од нивниот квалитет во работата, од нивната стручност, спремност и подготвеност да одговорат на овој сериозен и одговорен процес и професија, зависи иднината на многу дечиња. Воспитувачите и негувателите се личности кои однапред знаат дека во нивната работа со децата не смее да има импровизација и дека секој еден изминат ден значи и вреди многу за секое едно дете и затоа треба вредно да се исполнува.
Градинката Литл Ми верува и максимално се вложува во својот кадар сакајќи во неа да престојуваат и од неа да си заминуваат оформени детски личности кои добро, лесно, успешно ќе се снаоѓаат во сите наредни фази и периоди од животот.
Погледнете го оригиналниот подарок кој децата од градинката Литл Ми го подготвија за нивните учителки и негувателки:
Другите видеа погледнете ги ТУКА и ТУКА.