Официјален старт на третата генерација A1 WayUp, платена практикантска програма на А1 Македонија
- Детали
- четврток, 05 октомври 2023
- 15 млади таленти ќе ја градат својата кариера во А1 Македонија!
Скопје, 05.10.2023г. - А1 Македонија трет пат по ред ги отвори вратите за 15 млади таленти кои својата кариера ќе ја градат во една од следниве области во дигиталниот свет: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.
A1 WayUp е специјално креирана практикантска програма која овозможува практично учење и стекнување на нови дигитални вештини што секако е дел од кариерниот пат на секој еден член на А1 тимот и кое без сомнеж придонесува кон непрекинат професионален развој настрана од формалното образование. . A1 Way Up почнува и завршува со однапред внимателно испланиран менторски план, но и детален развоен едукативен план за сите членови на генерацијата, со цел практикантите да бележат раст во своите знаења и вештини и да го градат својот кариерен пат во меѓународна компанија како што е А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата.
„Горд сум што A1 Way Up е програма препознена меѓу младите луѓе за што говори и големиот број пријави што пристигнаа на објавениот повик. Во избраните 15 таленти препознавме потенцијал за развој и особено сме среќни што тоа се кандидати кои сакаат да ги покажат своите дигитални вештини стекнати во образовниот процес и кои се подготвени да учат уште повеќе од докажани професионалци во својата област во А1,” изјави Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.
A1 Way Up е платена програма за практиканти и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Избраните практиканти, дел од A1 WayUp ги добиваат истите бенефити во поглед на учење, развој и погодности како и секој еден вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој.